05 Декември, 2025
0.0325

КОНТРОВЕРЗНИ ФИНАНСИСКИ ЗОНИ: Македонија поблизу до Луксембург или до Белизе?

Објавено во: Финансии 20 Декември, 2014 09:39

Добивај вести на Viber

Владата веќе работи и на концептот и на законската регулатива која треба да овозможи формирање на Слободни финансиски зони. Како што најави министерот за финансии, до година првата зона треба да биде оперативно подготвена. „Летото 2015 та година да имаме оперативна слободна финансиска зона во Република Македонија. Регулативата треба да биде заокружена во првиот квартал следната година, а зоната да профункцинира во летото 2015. Првите компании или финансиски друштва се очекува да почнат да работат во македонската финансиска зона во 2016 година.“, изјави министерот Ставрески. Тој уверува дека овие во овие слободни финансиски зони ќе влегува само проверен капитал. „Во исто време ние работиме и на, што концептот и регулативата бидат подготвени, да почне и анимирањето на компаниите, односно на финанасиските друштва и на сите оние кои што би можеле да инвестираат во таа финансика зона.“, рече министерот. Со ова Владата практично потврди дека останува на коцептот за формирање на Слободни финасиски зони, на кој веќе реагираше Европската Унија, со испорачани забелешки преку Венецијанската комисија. Откако летото Владата го објави пакетот на уставни измени, меѓу кои и уставното регулирање на слободни финансиски зони, регираше Венцијалнската комисија. Ризикот според нив доаѓа од посебно регулираниот орган за управување на зоната – кој ќе има големи овластувања а минимална одговорност. Во дописот од таму напишаа: „Ги повикуваме македонските власти да го ревидираат амандманот за да се осигура дека создавање на посебен правен режим за странските инвеститори не резултира со формирање на „Држава во Држава", и дека сите меѓународни обврски на земјата се целосно применливи и се спроведуваат во рамките на зоната.“ Кои од забелешките на Венецијанската комисија и на каков начин се прифатени, останува непознато, иако министерот за правда најави дека препораките ќе бидат земени во предвид. Прашањето за уставно регулирање на бракот, зедно прашањето слободните економски зони беше во фокусот и на  октомвриската средба во Брисел меѓу премиерот Никола Груевски тогашниот еврокомесарот за проширување во заминување, Штефан Филе и директорот на генералниот директорат за проширување Кристијан Даниелсон. Премерот изјави дека  разговарал за уставните измени во правец на доближување на ставовите меѓу Македонија и Европската унија а особено внимание се посветило на уставните измени за одредување на бракот и формирањето на финансиски зони. “Навлеговме подлабоко во уставните измени што владата ги предложи и ги отвори за расправа. Објаснивме многу поенти, посебно откако во меѓувреме изанализиравме голем број работи, контактиравме со Венециската комисија. Притоа, имам чувство дека сериозно ги доближуваме позициите со претставниците на Еврокомисијата“, изјави премерот Груевски по завршување на бриселската средба. Уставните измени за формирање на слободна финансика зона беа срочени во образложение од неколку реченици. Во него пишува: “Со предложените измени на Уставот на Република Македонија се предвидува создавање на уставна можност за основање на финансиска зона, која би развивала посебна правна и финансиска регулатива по највисоките меѓународни стандарди“ , пишува во владиниот Предлог за уставни измени. Според досега соопштените детали, целта е да се формираат зони на простор од 10-20 хектари. Во нив, како што најави креаторот на индјата е да се пресликаат законите од Америка, Англија или Германија, со што зоните ќе добијат меѓународен кредибилитет. Што изјавија за Слободните финансиски зони..... Домашната експертска јавност, поарнешни и сегашни функционери, економисти, власт и опозиција се поделија во однос на прашањето што ќе и донесат на Македонија Слободните финансиски зони. „Фактор“ интегрално пренесува дел од изјавите: Зоран Ставрески, министер за финансии: Македонија има добра географска локација која е извонредно поволна во Европа, даночни поволности што во моментов ги нуди за фирми кои работат во слободни зони и на сличен начин би биле дефинирани во оваа финансиска зона. Исто така имаме  и  квалитетната работна сила која може да одговори на потребите на една финансиска зона. На тој начин би имале корист во две насоки: прво, во насока на етаблирање на Македонија  во меѓународната финансиска мапа како дестинација во која што би работеле меѓународни банки, инвестициски фондови и корпорации и второ, креирање на работни места што во случајов би биле работни места со повисока додатна вредност, односно работни места што ќе креираат и поголем ефект врз БДП“ Петар Гошев, поранешен гувернер: „Финансиската зона го повредува принципот на конкурентност, со повластените услови, учесниците на пзарот не се еднакви. Таквите зони овозможуваат влез на нечист капитал стекнат со кршење на меѓународното право. Нема образложение како ќе ќе се формира, што ќе биде таа зона, кои ќе бидат ефектите. Предлагачот е свесен за материјата и етапно ни ја готви манџата. Ова е отстапување на територија на странци од што нема да има полза. Се формира некој квази држава која ако не граничи со други земји од сите страни ќе се граничи со Македонија. Кон каков концепт се приклучува Македонија со овие слободни зони?И се става на располагање на меѓународната олигархија. Тој свет, или поточно пробисвет, според некои проценки, крие по даночните раеви актива од 10% од БДП на светот, што претставува околу 100 трилиони долари. Македонија нема да се збогати на овој начин ,туку ќе биде само измеќар Светомир Шкариќ, универзитетскиот професор:  Овој амандман има разорно дејство врз македонскиот државен идентитет, вклучувајќи ги и придобивките од АСНОМ, како и врз целокупниот правосуден систем и ќе биде најголемата пречка за зачленување во ЕУ. Амандманот е во спротивност со европското примарно право. Како јадро на европското право кое се применува врз целата територија на државите членки , ова право не признава зони во државите членки во коие се применува и не признава никакви исклучоци, Трајко Славески, универзитетски професор: “Треба да се знае која правна регулатива ќе важи и да се води сметка како на зоните гледаат Европската унија и Светската трговска организација. Лично јас сметам дека нема никаков проблем за создавање на правна основа за создавање на слободна финансиска зона. Прашање е колку време ќе треба за да се изгради потребната инфраструктура за таа да биде атрактивна“ Владо Поповски, универзитетски професор: „Овој амандман предлага нешто што се коси со суверенитетот на државата, односно предлага држава во држава во сферата на финансиите“ Абдулменаф Беџети, академик: “Нема образложение  како ќе се формира и кое ќе бидат ефектите. Надлежните имаат некакви објаснувања, гувернерот Богов рече дека нема да има негативни репркусии на домашниот пазар, значи или тој не знае или не сака да каже. Ниту една сериозна држава воевропската унија нема создадено ваков даночен рај, што ќе биде пералница на нечист капитал. Немаме компаративна основа“ Кире Наумов, аналитичар, СДСМ: “Уставните измени се објавија по изборите и во момент кога опозицијата е надвор од Собранието и кога има афера со Македонска банка. Идејата за финансиски зони е стара уште од времето на Љубчо Ѓорѓиевски, тогаш беше цела територија да функционира како зона, како Кипар. Оваа измена е само влегување во играта во кумско-фамилијарно-партиската олигархија која сега има проблем каде да ги сокрие парите и тука наоѓа засолниште. Веќе е одредено земјиштето, најверојатно Мариово и се знаат инвеститорите, а за Македонија нема да донесе ништо добро.“ Гордана Силјановска, универзитетски професор: „Никој не е против финансиските зони. Но одговорно тврдам дека во Уставот не постои ваква глава, ова не е уставно прашање.Во тесктот стои се основа, зоната може да се формира, а што ако не се формира? Вака како што е опишано ги надминува рамките на финансиска зона. Пишува ќе има специјални судови, акти, тоа е кривична материја, тоа е како квази држава. Во Македонија може да формираат финансиски зони но со посебен закон“ Јове Кекеновски, универзитетскиот професор: „На овој амандман не му е местото во Уставот. Ова значи екстериторијалност. Во Ирска и во Велика Британија ваква одредба не е дефинирана со Устав“ Димитар Богов, гувернер на НБРМ: „Формирањето на финансиските зони не го засегаат домашниот банкарски систем и нема да има негативни импликации. Тие ќе работата за извоз на услуги на меѓународните пазари и нема да има конкурираат на домашните банки.Во странство има различни модели за формирањето на ваквите зони, кај нас е одбран систем со англиско законодавство, и тука ќе се пресликаат тие закони, бидејќи инвеститорите бараат познати закони. Овој концепт ќе даде позитивни ефекти и тоа што функционира во ЕУ може да го искористиме. И агенцијата “Фич” даде позитивно мислење за финансиските зоно. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката