02 Мај, 2024
0.0280

Корисни бизнис совети од најпознатиот светски басист

Објавено во: Економија, Колумни 17 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Жарко Димитриоски е автор и водител на најпопуларното домашно ток-шоу “Еден на Еден” и креативен директор во истоимената маркетинг агенција . Секој вторник ви ги пренесуваме неговите пораки во однос на бизнисот, маркетингот и претприемништвото кај нас. Секој што ме познава знае дека сум огромен фан на музика. Речиси од било кој жанр. Неодамна гледав документарец за Нејтан Ист. Човекот кој е можеби најпознатиот жив басист. Свирел со Ерик Клептон, Мајкл Џексон, Дафт Панк, Фил Колинс итн... Тоа ме заинтригира да прочепкам повеќе за типот, по што сфатив дека има одлични животни филозофии со кои многу се согласувам. Еве дел од нив – Работи со професионалци Нејтан вели дека е импресиониран од работната етика на дуото Дафт Панк, од упорноста на Бери Вајт и пожртвуваноста на Фил Колинс. И навистина, нема ништо подобро од тоа да се опкружиш со врвни професионалци. Она што го работам како професија сега, пред повеќе години ми изгледаше само како забава. Точно, го обожувам тоа што го работам и навистина ми е забавно работејќи и во моментов, но пристапот ми е поинаков. Не знам кога точно сум си рекол  “ааа, значи треба ова да го гледам како работна обврскааа”, но некогаш тоа се случило и од тој момент на се што правам му пристапувам професионално како хирург на операција, автомеханичар на расипан автомобил и сл. Едноставно, служба си е служба – дружба си е дружба. Во мојата кариера сум работел со навистина најдобрите од најдобрите во Македонија и од секого сум научил по нешто. Со прости зборови, можеби ќе мислиш дека знаеш како се снимаат скечеви и дека истото го правиш сосема во ред се додека не почнеш да работиш со Бранко Огњановски од К-15. Едноставно, кога ќе ги видиш најдобрите на дело и ќе научиш од нив, ќе ги кренеш своите можности до граници кои си мислел дека се недостижни. Прави се, одеднаш Во работењето на нашата маркетинг агенција сум се запрашал многупати дали е паметно да влетуваме во повеќе авантури одеднаш. Додека нашето тв шоу Еден на Еден е активно, навистина огромен дел од времето трошиме на него. Но, тоа никогаш не не спречило двојно повеќе време да трошиме на останати работи. Развивање нови проекти, снимање реклами и креирање рекламни кампањи за нашите клиенти, секакви БТЛ и АТЛ маркетинг активности, реализирање концерти и разни настани и што уште не. Искрено, јас лично никогаш не сум зажалил за сево ова. На крајот на краиштата, го работиме тоа што го сакаме. Кога го работиш тоа што го сакаш, огромен процент од потрошеното време во работа е уживање, така што алтернативата на тоа би била само повеќе слободно време за правење на “не знам што”. Во тоа се сложува и јунакот на денешнава приказна, Нејтан. Тој не само што е еден од најангажираните светски басисти, туку е и сертифициран магионичар, лиценциран пилот и успешен сопруг со двајца синови тинејџери. И што е најважно, се сложува со девизата – прави се и прави се одеднаш! Медитирај Нејтан вели дека медитира уште од 80-ите. Дека Џорџ Харисон од Битлси го навлекол на таа техника за расчистување на мисли и собирање енергија. И навистина, како човек кој и сам практицира медитација, се сложувам дека во денешниот хаос од обврски, времето одвоено строго за себе без никакви дистракции е клучно, ако не и најважно нешто за одржување простор во умот. Спиењето е за слабаци Отсекогаш ми било голема мака кога ќе ми закажат состанок пред 10 часот. Мака на квадрат! Една од неколкуте работи кои си ги имам поставено како цел за годините што престојат е да си го намалам времето што го поминувам во спиење. Најсреќните и најисполнетите денови од мојот живот биле токму тие кога сум бил приморан да спијам 5 до максимум 6 часа. Што заради целодневните снимања на Големи и Мали во детството, коментирањето на НБА во раните утрински часови во Спорт 4 или пак организирањето и реализирањето на шоуто Еден на Еден во последниве 5-6 години, деновите во кои “не сум имал време да мрднам” (иако комотно може и еден друг збор што се римува со овој) ми биле најубавите и вечерите после такви денови ми биле највесели и најрелаксирани, токму поради успешно завршената работа и чувството на исполнетост. Нејтан Ист вели дека спие само 4 часа на ден, но за тоа дава кредит на гените и природата бидејќи и неговиот брат како што вели тој, е ист како него. Но, не заборава да каже дека благословени се сите кои можат да си го дозволат тоа. Е па, Нејтан, пробувам другар!

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија