22 Ноември, 2024
0.0308

Користењето на мобилните во училниците ќе се ограничи, власта презема мерки за побезбедни училишта

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Владата соопшти дека се донесени заклучоци за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта.

Владата на денешната 154-та седница ја разгледа Информацијата за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, подготвена од Министерството за образование и наука. Донесени се повеќе заклучоци во делот на превентивата и безбедноста во училиштата и на учениците.

„Владата укажува и препорачува на сите основни и средни училишта преку општините/Град Скопје, да формираат стручни тимови на ниво на секоја од општините/Град Скопје, во соработка со стручните служби на Меѓуопштинските центри за социјална работа. Фокус на работа на овие тимови е предвидено да бидат разговори - поединечно со секое дете/ученик во училиштето. Владата укажува и препорачува на сите основни и средни училишта во Република Северна Македонија да одржат состаноци со сите родители на тема подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. Препораката на Владата се однесува посебно на задолжување на директорите на основните и на средните училишта, да организираат состаноци на училишните одбри и на советите на родители, како и родителски средби“, велат од Владата. 


На овие состаноци е предвидено да се разговара за взаемните одговорности околу превентивните мерки за заштита на учениците во училиштата, со посочувања на одредбите од Законот за семејство и од Кривичниот закон.

Владата им укажува и препорачува на општините/Град Скопје, да ги задолжат директорите на основните и средни училишта, да направат организација и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часовите и во просториите на училиштата. Се посочува дека користењето мобилни телефони во училниците е потребно да се ограничи, со цел да се поттикне дискусија, размена на идеи, отворени разговори, фокусирање на содржината на учење.

Владата на Република Северна Македонија им укажува и препорачува на општините/Град Скопје, во координација со училиштата да ги следат следните препораки:

●        во кризни ситуации коишто влијаат врз добросостојбата и менталното здравје на учениците, од исклучителна важност е училиштето да остане безбедно место во кое што тие ќе најдат разбирање, одговори и поддршка за да ги надминат предизвиците, да ги унапредат своите социо-емоционални компетенции и да ја зајакнат психолошката отпорност;

●        стручните соработници и целиот  наставен кадар, се исто така засегнати од ваквите ситуации, поради што е потребна подготовка на оваа тема на сите нивоа во училиштето, за да може да се обезбеди адекватна поддршка на учениците и нивните родители;

●        приоритетна цел на разговорите во училиште треба да биде смирување на несигурноста и чувството на безбедност во училиштето и нивно адресирање на афирмативен начин.

Владата им укажува и препорачува на општините/Град Скопје да ги задолжи директорите на училиштата да обезбедат континуирано непречени услови, стручните соработници да се фокусираат на училишната клима, грижата за менталното здравје и добросостојбата на учениците, како и општините/Град Скопје да ги задолжат директорите на училиштата да обезбедат просторни услови за стручните соработници. 


Целта е целосна отвореност кон учениците и доколку имаат потреба, закажување тет - а - тет средба, со својот училиштен психолог.

Меѓу владините заклучоци, предвидено е и Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на  образованието да изготват листа на ресурси за коишто ќе се дискутира на одделенски/класен час, меѓу класните раководители и децата/учениците, за унапредување на добросостојбата на учениците. 


Ова се однесува на прирачници за животни вештини, околу Програмата за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини и слично.

Владата при тоа им укажува и препорачува на општините/Град Скопје, во согласност со законската легислатива во рамки на новата Годишна програма за работа на училиштата, да се развијат и дополнително да се зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите и други активности, согласно приоритетите на училиштето за негување безбедна клима за учење и развивање.

Заклучено е и Министерството за образование и наука да формира работна група, составена од стручни соработници во основните и средните училишта, ученици -претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат, чијашто задача ќе биде креирање протокол за советодавна работа, при обезбедување поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците во основните и средни училишта.

Во соседна Србија месецов имаше масакр во училиште.  13 годишен ученик уби 9 луѓе, а вчера и девојче кое беше повредено почина, со што бројот на жртви се искачи на 10. По овој масакр, во Србија имаше повеќе инциденти во училишта.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава