Коронавирусот го имало во Италија уште во септември лани?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Ноември, 2020
Коронавирусот циркулирал во Италија уште во септември лани.
Анализа на примероци од 959 луѓе, сите без симптоми на коронавирус, кои биле дел од скринингот за тумори на белите дробови, во периодот од септември 2019 до март 2020 година, покажала дека 11,6 отсто од нив или 111 имале во себе антитела на коронавирус.
Ова се наведува во заклучокот на Институтот за онкологија во Милано, во соработка со Универзитетот во Сијена.
„Анализиравме и проучивме присуство на специфични антитела поврзани со појава на вирус во примероци од крв кај 959 асимптоматски лица поврзани со Ковид-19, кои беа дел од скрининг за тумори на белите дробови. Специфични антитела на Сарс-Ков-2 РБД се откриени кај 111 лица од 959 (11,6 проценти) заклучно со септември 2019 година (14 проценти) со група позитивни случаи (30 проценти) во втората половина на февруари 2020 година, со најголем број беше во Ломбардија (53,2 проценти)“, објави Институтот.
Позитивните луѓе се претежно од Ломбардија, потоа од Пиемонт, Лацио, Емилија Ромања, Тоскана и Венето.
Масимо Гали, директор на Клиниката за инфективни болести „Луиџи Сако“ во Милано, се сомнева дека вирусот е „толку стар“ и дека е присутен во Италија од септември 2019 година. Тој прашува како тоа немаше жаришта ако вирусот бил присутен.Вирусот лани се појави во Вухан во Кина и се прошири низ светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.