Коронавирусот прво се појавил во Европа, па дури потоа во Кина?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Ноември, 2020
Кинезите го посочија доказот дека коронавирусот прво се појавил во Европа.
Властите се повикуваат на нова студија која сугерира дека заразата можеби се ширела во Европа уште во септември лани, три месеци пред да биде потврдено дека се шири во кинескиот град Вухан, објави „Тimes of London”.
Кина претходно ја анализираше ситуацијата во Шпанија, како и дел од американската армија, за која тврди дека вирусот го донела во Вухан во октомври лани при одржувањето на Светските воени игри.
Најновата студија од Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажува дека вирусот Ковид-19 во Италија започнал да циркулира на почетокот на септември 2019-та година.
Но, многу научници се скептични за италијанската студија.
„Знаеме дека Кина го одложуваше прогласувањето на епидемијата, така да не се знае кога таму точно има започнато. Кина има многу силни комерцијални врски со северна Италија“, изјави научникот Џовани Аполоне.
Кина и Италија имаат големи загуби поради вирусот. Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Италија, 11 месеци од почетокот на пандемијата, надмина 50.000, а само во последните 24 часа е зголемен за 630 жртви. Земјата беше во целосен карантин за да го спрчеи ширењето на вирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.