05 Декември, 2025
0.0385

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Обединетото Кралство со децении нема изградено нова нуклеарна централа, а сега се соочува со еден од најголемите инфраструктурни предизвици во својата историја - проектот „Хинкли Поинт Ц“ Сместена на јужниот брег на каналот Бристол, во Сомерсет, ќе биде најскапата нуклеарна централа во историјата.

Проектот е погоден од бројни проблеми - од огромни доцнења и регулаторни пречки до зголемени трошоци и спорови за животната средина - што го прави Hinkley Point C „кошмар“ за ОК.

Проект кој трае со децении

Британската нуклеарна индустрија имаше силен почеток уште во 1950-тите, кога Калдер Хол стана првата нуклеарна централа која комерцијално произведуваше електрична енергија. Но, последната нуклеарна централа во земјата е изградена уште во 1980-тите, а многу постоечки реактори сега се при крај на својот животен век.

Бидејќи Обединетото Кралство се соочува со енергетски предизвици и транзиција кон поодржливи извори, владата донесе одлука за изградба на нуклеарната централа „Хинкли Поинт Ц“, која ќе обезбедува седум отсто од вкупната електрична енергија во Британија и ќе снабдува шест милиони домови, пишува градежниот портал „Б1М“.

Проектот уште од самиот почеток наиде на бројни пречки. Договорот беше потпишан во 2016 година, а проценетите трошоци тогаш беа 18 милијарди фунти, а завршувањето се очекува до 2025 година. Сепак, поради сложеноста на изградбата, построгите британски регулаторни барања и непредвидените тешкотии, трошоците се искачија на 46 милијарди фунти (55 милијарди евра), а завршувањето сега се очекува само во 203 година.

Нови реактори, стари пречки

Hinkley Point C е првиот британски проект кој користи EPR (European Pressurized Reactor), реакторска технологија развиена од француската енергетска компанија EDF, која е и главен изведувач на проектот. Овие напредни реактори трошат 17 проценти помалку ураниум од претходните генерации и се опремени со четири безбедносни системи кои штитат од потенцијални катастрофи. Иако тие веќе се користеа во Франција и Финска, нивната имплементација во ОК бараше 7.000 регулаторни прилагодувања, што ја забави работата.

Изградбата на ваков комплексен објект бараше распоредување на повеќе од 50 кранови, вклучувајќи го и Биг Карл, најголемиот земјен кран во светот. Само за темелите на еден реактор се употребени 9.000 кубни метри бетон, вкупно 25 отсто повеќе бетон, како и 35 отсто повеќе челик отколку во споредливи европски проекти.

Еколошки предизвици и отпор на локалната заедница

Иако нуклеарните централи често се предмет на контроверзии поради нивниот отпад, една од најголемите еколошки грижи на проектот Hinkley Point C е всушност рибата. Нуклеарните централи бараат огромни количества вода за ладење на реакторите, а за Hinkley Point C се изградени тунели долги осум километри кои ќе црпат до 120.000 литри вода во секунда од Бристолскиот канал. Експертите предупредуваат дека може да се вшмукаат голем број риби, поради што ЕДФ планира систем за нивно ловење и враќање.

Британските регулатори повикаа и на инсталирање на акустични уреди за одбивање риби со звук, но EDF сега ја оспорува таа одлука, тврдејќи дека технологијата е „непрактична и недокажана“. Наместо тоа, се предлага да се создадат нови мочуришта за да се компензира штетата направена врз екосистемот, што предизвика отпор кај локалните земјоделци и совети бидејќи ќе бара потопување на стотици хектари обработливо земјиште.

Што носи иднината?

И покрај сите проблеми, британската влада не се откажа од нуклеарната енергија и планира да изгради уште осум нови реактори до 2050 година, а Hinkley Point C ќе служи како модел за идните проекти, вклучувајќи го и Sizewell C, планиран како нејзина точна копија.

ЕДФ тврди дека се научени вредни лекции и дека изградбата на втор реактор во Хинкли ќе биде 20-30 проценти поефикасно. Еден од клучните предизвици беше недостатокот на квалификувана работна сила - по децении без изградба на нуклеарни централи, беше потребно долго време да се обучат работниците и да се обезбедат синџири на снабдување. Сега се очекува дека овој процес ќе се забрза.

Тпортал.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката