Косово доби меѓународен код за повикување- постигнат договор меѓу Приштина и Белград
Објавено во: Балкан 09 Август, 2013
Договор за телекомуникациите постигнаа Приштина и Белград, со кој е предвидено Косово да добие меѓународен код за повикување 383, додека „Телеком Србија“ ќе биде задолжен за телефонските услуги во местата каде што живеат Срби, објави денеска „Коха диторе“.
Приштинскиот весник повикувајќи се на извори од Брисел, наведува дека телефонските разговори од Косово во Србија ќе се сметаат како внатрешни, а не меѓународни разговори.
„Коха диторе“ тврди дека барањето за меѓународен код во име на Косово пред Меѓународната унија за телекомуникации ќе го поднесе една од земјите-членки на Европската унија - Италија, Австрија или Швајцарија.