Добивај вести на Viber
Нов заем во висина од 4,9 милиони евра му одобри Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на Косово, откако Фондот го заврши четвртиот преглед на економските перформанси во рамки на стенд-бај аранжманот.
Косовските власти информираат дека нема да ја повлечат сумата која им стои на располагање по четвриот предлог, бидејќи планираат овој стенд- бај аранжман со ММФ да го третираат како мерка за претпазливост.
ММФ во април минатата година на Косово му одобри стенд-бај аранжман на 20 месеци од 104,8 милиони евра, а вкупната исплата досега достигна 90 милиони евра.