17 Декември, 2025
0.0522

Косово и Албанија планираат заеднички прехрамбен пазар

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2015 18:54

Добивај вести на Viber

Косово и Албанија ќе остваруваат потесна соработка кон создавање на заеднички прехрамбен пазар, соопшија денеска министрите за земјоделство на двете земји, Мемљи Красничи и Едмонд Панарити. Според соопштението, Красничи истакнал дека односите меѓу Косово и Албанија треба да бидат најдобар пример за регионална соработка. Тој истакнал дека било разговарано и за конкретни чекори кои треба да бидат преземени пред одржувањето на заедничка седница на двете влади во март годинава во Тирана, со што би се развивала соработката меѓу Косово и Албанија во областа на земјоделството, трговијата, увозот и слободното движење на стоки. Албанскиот министер за земјоделство оценил дека се отстранети препреките во меѓусебните трговски односи за размена на стоки меѓу Косово и Албанија. „Ги предочивме нашите предлози за изедначување на стандардите за прехрамбените производи, како што се млекото, виното, медот, прехрамбените масла, и очекуваме и косовската страна да даде свое мислење за што побрзо да се излезе со заеднички пакет стандарди за квалитет и сигурност на овие производи“, истакнал Панарити.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата