Добивај вести на Viber
Косово и ЕУ се договорија за прашања за енергетиката и телекомуникациите, напиша вчера на својот „Твитер“ профил, заменик-министерот за надворешни работи на Косово, Петрит Селими.
Тој наведе дека Србија мора да одговори на предолизите до 9-ти август, но не прецизираше за какви предлози станува збор.
Медумите од Приштина информираат дека Србија не се откажува од барањата да биде лиценциран еден српски мобилен оператор на Косово и да биде регистрирана српска компанија која ќе се занимава со дистрибуција на електрична енергија на северот на Косово, што за Приштина не е прифатливо.