Косово и Македонија подготвуваат закон за криптовалути
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2022
Косово повеќе од една година најавува закон за регулирање на пазарот и активноста со криптовалутите. Но, до сега официјална верзија не стигнала во Собранието, пренесува албански Топчанел.
И покрај недостатокот на закон, министерот за финансии Хекуран Мурати ги повика граѓаните да ги поднесат приходите од криптовалути за оданочување. Тој рече дека ќе се примени данок од околу 10 отсто од вкупната добивка.
„Ако некој инвестираше 10.000 евра во криптовалути и по некое време нивната вредност се зголеми и ги продаде криптовалутите за 20.000 евра, тогаш профитот ќе биде 10.000 и оваа капитална добивка ќе треба да се пријави на формуларот“, рече Мурати.
На подготовка на ваков закон предупредува и Македонија. Министерот за финансии во Владата на Скопје Фатмир Бесими рече дека оваа област ќе мора да се регулира особено од перспектива на спречување на перење пари и финансирање тероризам.
„Употребата на виртуелни средства за вредност познати како „криптовалути“ ќе биде регулирана со закон. Во моментов Министерството за финансии, заедно со Управата за финансиско разузнавање, како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти кои произлегуваат од оваа нова појава“, изјави Фатмир Бесими.
Рударењето на криптовалути е процес кој троши неверојатни нивоа на електрична енергија, а потрошувачката на енергија за оваа намена се зголемува секоја година. Студијата подготвена од Универзитетот Кембриџ покажува дека само ископувањето на Биткоин на глобално ниво троши повеќе енергија од цели земји како што се Аргентина, Холандија или Обединетите Арапски Емирати.
Иако земјите од Балканот заедно не сочинуваат ниту 0,1% од вкупното производство на биткоин, сепак рударењето остава свој белег на енергетската криза и во Западен Балкан.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.