02 Ноември, 2024
0.0793

Косово сака да стане дел од Трансјадранскиот гасовод

Објавено во: Балкан 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Косово има намера да стане дел од проектот Трансјадрански гасовод (ТАП), преку кој треба да се пренесува гас од Азербејџан па се до Европа. Ова го потврди шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, кој појасни дека заедно со премиерот Хашим Тачи интензивно работат за Косово да стане дел од оваа линија која треба да ги поврзе Азербејџан, Турција, Грција, Италија, а крак ќе минува и низ Албанија. Како што појасни косовскиот министер, со проектот Косово ќе профитира на геостратегиски и на економски план.
„Опфатеноста на Косово во ТАП ќе донесе стабилни годишни приходи.На планот на економијата на Косово ќе му донесе диверзитет во енергетските извори и несомнено граѓаните на Косово ќе имаат многу пониски трошоци за енергија, ползувајќи гас“, посочил Хоџај кој открива дека веќе се водат разговори со владини претставници на Албанија и на европските земји кои се дел од ТАП. Според плановите, гасоводот ТАП треба да биде готов на почетокот на 2019 година. Чини 40 милијарди долари, а проектираниот годишен обем на транспортирано сино гориво е 10 до 20 милијарди кубни метри. Акционери во изградбата на инсталацијата се швајцарската компанија Ахпо (42,5 отсто), норвешката Статоил (42,5 отсто) и германската Рургас (15 отсто). Гасот преку градот Комотини во Грција ќе пристигнува до Албанија, по што по дното на Јадранско Море ќе се пренесува до поморскиот италијански град Бриндизи.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места