Косовските специјалци тврделе дека береле печурки во централна Србија
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2023
Тројцата косовски специјалци кои вчера српските власти ги уапсија во централна Србија велат дека береле печурки.
„Не ни работи ГПС, беревме печурки…А на дурбин и двоглед не умееме да гледаме“, ваквото оправдување на специјалците денеска го објасни српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вели дека Белград е подготвен да ги понуди сите снимки и докази од кои би било јасно дека тројцата косовски полицајци се уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а не на територијата на Косово. Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е целосно фокусиран на ослободувањето на косовските специјалци.
Косово тврдеше дека српските власти ги киднапирале полицајците, а сега бараат Србија да ги врати назад. ЕУ подготви санкции за Косово, затоа што не го почитува договореното со Србија, односно не формираше Заедница на српски општини.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.