Косовското месо непожелно за Албанија
Објавено во: Балкан 14 Август, 2013
Претседателот на Здружението на месопроизводителите на Косово, Бурим Пирај, за порталот „Трибуна“ вели дека Албанија употребувала дигитален термометар за мерење на температурата на месото за време на транспортот.
- Тоа е и главната причина за воведената блокада, зашто Косово користи други механизми. Истиот механизам, за мерење на температурата на месото при транспорт, како и Косово го користат и повеќе земји во Европа, изјавил Пирај. Според него, само поради тоа Албанија не дозволува увоз на месо од Косово иако местото од Косово добило позитивна оценка од Агенцијата за храна и ветерина.