Коста Петров: На крај превртував очи во СДСМ пред да си дадам оставка
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022 09:40
Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма денеска рече дека во неговата нова книга наречена „Што ќе кажат другите“ има многу пиканетрии од неговиот живот во владејачката партија. ПР-експертот во студиото рече дека во последната фаза апред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“.
- Кога сме во поинтимен форум нема да бидам некој кој лажно ќе ракоплекса. Влегов романтично во политиката, да менувам, верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години. Тоа во фаца ми го кажуваа - ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мега успешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров.
Тој вели дека претходно четири месеци преговарал со СДСМ за да влезе во политиката, но потоа се соочил со реалноста
- Првичната идеја беше да бидам потпретседател на владејачка партија и советник за ПР, но не знаеја што да прават со мене. Четири месеци ми се додворуваа, јас ги одбивав, им велев дека нема шанси, сметав дека таа функција треба да му се даде на некој од партијата. Одлуката ја донесов два часа пред да се одберат потпретседатели. Првичната идеја беше да креираме нова ПР стратегија бидејќи сметав дека не им е на ниво тоа што беше, но од одредени структури на партијата немаше желба за промени, а јас не сум таков да им кажувам на сите дека се добри, вели Петров.
Подолго време размилувал да си даде оставка, но нов момент бил почетокот на пандемијата.
- Започна ковид кризата, го раководев економскиот совет во партијата за економските пакети, формиравме една група од 15 економисти експерти па ми се врати повторно надежта, ја доловува атмосферата Петров.
Неговиот заклучок е дела главниот проблем е апатијата во која секој смета дека ништо повеќе не може да се промени во општеството
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




