Костадин Костадинов им даде награда по 10.000 денари на пожарникарите и заврши на инфузија по вдишан чад
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2024 20:46
Струмичките пожарникари на својот профил на Фејсбук го пофалија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за доделениот бонус од по 10.000 денари за борбата со пожарите, но и информираа дека самиот тој завршил на инфузија откако вдишал чад.
„Ниту фотографии ниту видеа и пред конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо до на пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас.
Во еден момент кога ескалираше пожарот вдишувајќи многу чад мораше да прими инфузија. Но не се откажа ниту на кој било начин се обиде тоа да го експлоатира“, напишаа Пожарникари Струмица на својот фејсбук-профил.
„Најмалку што можам да направам за моите пожарникари кои деноноќно, посветено со последните сили се бориме против огнените стихии. Во името на цела Струмица ви благодарам. Господ да ве благослови и да ни ја чува нашата Струмица“, објави градоначалникот.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




