Костадинов: Ќе зборуваме во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022
Продолжуваат провокациите од Бугарија. Претседателот на бугарската парламентарна партија Преродба, Костадин Костадинов изјави дека отворањето на македонскиот клуб во Благоевград е обид за провокација.
Македонското малцинство го нарече непостоечко.
„Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов, пренесува БНТ.
Вели дека ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија.
„Македонија тврди дека носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска“, вели пратеникот.
Во неделата Македонците во Бугарија го отворија клубот „Никола Вапцаров“. Сепак бугарските медиуми пишуваа за клубот дека имал квадратура како еден фризерски салон, дека имало повеќе Македонци од Македонија отколку од Бугарија на самото отворање, а европратеникот Ангел Џамбаски организираше протест. И тој тврдеше дека Македонија е бугарска, а таков натпис имаше на влезот од Благоевград. Но, младите од Левица објавија дека го отстраниле овој транспарент.