16 Декември, 2025
0.1779

КОСТАДИНОВСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО: „Собранието е должно да ги почитува нашите одлуки“

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, го коментираше последниот извештај на Европската комисија, изразувајќи загриженост за долгогодишната „статус кво“ состојба во правниот систем. Тој упати критики кон Собранието за непочитување на одлуките на Уставниот суд и предупреди дека доколку не се преземат неопходни измени, судот ќе донесе конечни одлуки. Костадиновски се осврна на спорните закони за балансерот, измените на Кривичниот законик и Законот за употреба на јазиците, најавувајќи рокови и можни чекори за нивно решавање.

-Последниов Извештај ниту утврдува прогрес во одредени области, особено во судството, борбата со корупцијата, криминалот. Меѓутоа, не утврдува ниту назадување. Ние сме во една „статус кво“ состојба подолго време, а таа вопшто не е добра. Граѓаните имаат комплетна недовебра во целиот државен апарат, рече тој во вечерашното гостување на Телма ТВ.

Во однос на двата закони за кои ЕК има забелешки, конкретно за балансерот, Костадиновски информира дека е подготвен нов Закон за правична застапеност кој е во фаза на оценување од Венецијанската комисија.

-Се надевам дека тој закон ќе се усогласи со нашите правни стојалишта за укинување на балансерот. Односно, да направи еден баланс помеѓу правичната и соодветната застапеност и она што значи мерит, стручност и компетентност, посочи тој.

Додека, во врска со измените на Кривичниот законик, кои се, исто така, забелешка на ЕК, рече дека нанеле „непоправлива штета“ на правниот поредок и најави дека доколку Собранието до последната седница на судот во декември не ги направи неопходните измени, Уставниот суд ќе го стави предметот на дневен ред и ќе одлучи.

-Рокот од шесте месеци истече во август. Имавме разбирање како Суд за изборниот процес, бидејќи вакви крупни работи не е соодветно да се прават. Но, изборите завршија. Ние како Суд, односно јас како претседател, сум должен да го чувам кредибилитетот на Уставниот суд. Ние не можеме до недоглед да му дозволуваме на Собранието да продолжува со една пракса на уставна недисциплинираност. Собранието е должно, ако го почитува Уставот, а должно е да го почитува, да ги почитува и нашите одлуки, бидејќи нашите одлуки по сила на Уставот се конечни, извршни и општо задолжителни. Но Собранието до овој момент го нема сторено тоа, вели Костадиновски.

Како што појасни, укинувањето на Законот за измени на КЗ ќе значи дека старото правно правило не се враќа на сила со тоа што тоа би било повик на неказнивост, додека, поништувањето би значело дека ќе се врати на старо. 

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Костадиновски најави дека до крајот на месецот ќе побара мислење од судијата известител, а најдоцна до февруари предметот ќе биде изнесен на седница.

Тој апелираше до Собранието да го комплетира составот на Уставниот суд за да се избегнат нерешени одлуки со резултат 4-4.

Во однос на изборот на судии за Стразбур, Костадиновски посочи дека претходната комисија направила грешка во чекорите.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“