27 Декември, 2024
0.0368

КОСТОВСКИ ИМА КУЌА ОД 300 КВАДРАТИ ВО СКОПЈЕ, ДУДУШ ОД 584 - ова се старите имоти на градските татковци, Антикорупциска ги обработува новите и набргу ќе ги објави

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупцијата има полни раце работа. Во оваа институција деновиве стигнале податоци за имотната состојба на над 5.000 функционери, и тоа и поранешни, на кои им завршил мандатот, но и на нови, на кои допрва им стартува.

Оваа информација за Фактор ја потврди претседателката на антикорупципонерите, Билјана Ивановска.

Таа вели дека деновиве има наплив од податоци и документи во Антикорупциската комисија, и тоа главно за имотната состојба на новоизбраните градоначалници и советници, но и за оние на кои им завршил градоначалничкиот мандат.

На веб страната на ДКСК, се уште не е објавена имотната состојба на ниту еден новоименуван градоначалник.

Податоци за имотната состојба на одредени градоначалници има, но тие не се нови имоти и суми во нивните анкетни листови, туку од поранешните листови што ги пополниле кога стапиле на претходната финкција што ја имале, а тоа биле или пратеници, или биле градоначалници и во претходниот мандат, или советниоци, или, пак, директори во некои државни институции.

Како што е познато, согласно законските прописи, новите градоначалници и советници имаа рок од 30 дена за да ги испратат податоците за својата имотна состојба до ДКСК, и тоа од официјалното стапување на функцијата, или конкретно за градоначалниците, тогаш кога го добиле решението од Државната изборна комисија.

Како што е познато, вториот круг од изборите заврши на 31 октомври, што значи дека тие 30 дена веќе поминале. Но, новите бројки се уште не се објавени на веб страницата на ДИК.

Па така на пример, се уште не може да се види имотната состојба на новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, на пример, или на новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Ивановска вели дека причина за тоа е фактот што стигнале огромен број податоци во ДКСК и од идните, но и од поранешните градоначалници, како и од сите поранешни и идни советници.

„Токму поради големиот број пријави кои овие денови стигнаа до ДКСК, иако службите постојано работат, не може да се постигне да се внесат сите податоци во анкетните листови“, објаснува претседателката на ДКСК.

Фактор затоа сега прави анализа на дел од имотните состојби на гхрадоначалниците, со старите податоци со кои располагаме. 

Интересно ќе биде да се види каква ќе биде нивната имотна состојба после четири години, кога ќе ја напуштат градолначалничката функција, и дали таа ќе биде значително зголемена во однос на претходниот период.

Тони Коњановски, новиот градоначалник на Битола, претходно беше член на Советот на таа општина, и од таа функција може да се види неговиот анкетен лист. Тој од недвижен личен имот пријавил деловен простор  од 6,9 милиони денари, стекнат со договор за подарок, земјиште од 46 илјади денари, исто подарок, а има и стан во Охрид од 1,86 милиони денари, како и уште еден стан од 344 илјади денари. Како личен или имот на брачен другар располага со моторни возила и благородни метали од по 60 илјади денари, но и моторно возило тојота од 400 илјади денари. Располага и со банкарски депозит, но има и кредит од 55 илјади денари.

Новиот охридски градоначалник, пак, Кирил Пецаков, кој претходно беше пратеник, пријавил само моторни возила, депозити и лизинг, а интересно е дека нема пријавено куќа или стан на свое име или на име на брачен другар. Па така, Пецаков има шкода кодиак вредна 2,1 милиони денари, како и мотор од 291 илјади денари. На име на брачен другар има солидни девизни депозити, и тоа еден од 50 илјади долари, друг од 6.000 евра и трет од 2.200 австралиски долари, како и 68 илјади денари денарски депозит. Има и долг преку лизинг од 1,3 милиони денари.

Поранешниот пратеник, а сега градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, има куќа од 300 метри квадратни во Скопје од еден милион денари, моторно возило мерцедес од 500 илјади денари, како и денарска штедна книшка на сума од 2,4 милиони денари.

Истера еден градоначалкнички мандат, а сега доби уште еден, првиот човек на Гостивар, Арбен Таравари. На новата позиција влегува со стан во Скопје од 94 квадрати, вреден 5,8 милиони денари, што е имот на брачен другар, потоа од имот на родители има градежно земјиште од 8,8 милиони денари во Тетово, од 120 квадрати, потоа двор од 2,4 милиони денари, деловен простор од 1,7 милиони денари, втор деловен простор од 13 милиони денари и трет од 6 милиони, сите пријавени како имот на родители. Како имот на родители се пријавени и две куќи, првата од 14 милиони, а втората нешто повеќе од два милиони денари. Самиот Таравари, пак, има и личен имот куќа од 9,3 милиони денари. Има и моторни возила, кредит, но и уметнички слики и накит.

Фатмир Дехари по втор пат стана градоначалник на Кичево, а од претходниот мандат излегува со имот и тоа, имот на родители земјоделско земјиште  од 4,6 милиони денари, потоа куќа која е исто имот на родители од 4 милиони денари, а неговите родители имаат уште една куќа, од 8,5 милиони денари. Дехари ги пријавил и неговата плата која е 61 илјади денари, како и пензијата на родителите, која изнесува само 9.000 денари. Затоа, пак, неговиот брат има плата од 275 илјади денари.

За имотот на старо-новиот кумановски градоначалник Максим Димитриевски веќе пишувавме. Меѓу другото, на негово, на име на родители и на име на брачен другар, тој располага со неколку земјишта, куќа со земјиште, куќа со двор од 10 милиони денари, потоа неколку моторни возила, сопственички удели, штедни книшки, како и неколку кредити. Располага и со златен накит, но и средства во готово  од еден милион денари.

И Рамиз Мерко ќе тера втор мандат, а од претходниот веќе го објавивме и неговиот имот, меѓу кој деловен простор, земјоделско земјиште, куќа, стан, па дури и една шума. Има и неколку побарувања по основ на дадфен заем, како и приходи од кирија и закупнина.

Новиот градоначалник на Центар, Горан  Герасимовски, кој претходно беше директор на Државен завод за индустриска сопственост, има гаража, потоа стан во Скопје од 5,1 милиони денари, едно моторно возило, акции. А, како негов или имот на семејството расзполага со девизна книшка од 30 илјади евра, денарска книшка од 586 илјади денари, девизна сметка од 10 илјади евра и 2 илјади швајцарски франци, како и девизна штедна книшка од 15 илјади евра.

Голем имот уште кога за прв пат станал градоначалник пријавил и Митко Јанчев, кој доби уште еден мандат сега во Кавадарци. Има гаражи, неколку земјишта, непрецизиран имот, потоа објект од 7 милиони денари, стан од 6 милиони, една куќа од 15 и друга куќа од 9 милиони денари, како и удели, од кои само едниот има вредност од 600 милиони денари. Има и депозити, а и еден кредит.

Новиот прилепски градоначалник, Борче Јовчески, има анкетен лист како поранешен член на советот на  Општина Прилеп. Неговата имотна состојба говори дека тој располага со четири земјишта вредни по 120 илјади денари, дел во село Лениште, дел во Прилеп. Првиот човек на Прилеп во тој град поседува и куќа, како личен имот, но која е стекната преку Договор за подарок, а чија вредност е наведено дека изнесува 3,7 милиони денари. Јовчески има и кредит од 600 илјади денари.

Висар Ганиу доби уште еден мандат како прв човек на општина Чаир. Кога го освоил првиот, во својот анкетен лист навел дека поседува стан од 86 метри квадратни во Чаир, како личен имот, а не е наведено колкава е неговата вредност. На име на брачен другар има моторно возило од 180 илјади денари, а на свое име фолсфаген голф од 615 илјади денари. Ганиу има и кредит од 2,5 милиони денари.

Старо-нов градоначалник на општина Шуто Оризари, пак, е Курто Дудуш. Пред да стапи на првата градоначалничка функција пријавил како личен имот земјиште 2 милиони денари, кое му е купено. Курто Дудуш има и голема куќа од 584 метри квадратни во Скопје, за која е наведено дека чини 4 милиони денари, а за стекнување пишува дека – тоа е на друг начин. Тој има и девизен депозит од 2.500 евра во една од банките во земјава.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор