КОСТОВСКИ ЗА ФАКТОР: Никако не сме поврзани со обвинението за Поштенска банка, најголем дел од лицата не ги ни познавам

Објавено во: Финансии 15 Декември, 2020
Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка, која се споменува во случајот со големиот обвинителен акт што го поднесе ОЈО за организиран криминал против девет лица, за перење на над девет милиони евра при формирањето на Поштенска банка, за Фактор вели дека сите овие дела се направени без негово знаење.
„Јас не знам ниту кои се сите други обвинети, освен сопствениците на двете компнии кои се споменуваат во обвинението. Тие беа две реномирани компании ‚Европа 92' и „НОЕЛ', кои побараа да земат кредит од Еуростандард банка. Сето тоа беше сосема легално направено, од наша страна, а за да го земат кредитот од Еуростандард банка, тие компании ги заложија своите акции што ги имаа во тогаш формираната Поштенска банка, вкупно со учество од две третини од капиталот на банката. Со оглед што не можеа да ги вратат кредитите, ние, односно Еуростандард банка станавме сопственици на тие акции, односно две третини од капиталот. Така, што, сите овие други лица не ги познавам, веројатно биле некои директори од правните лица. Ова дел е направено без наше знаење“, вели за Фактор Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка, врз која сега, пак, се води стечајна постапка.
Сепак, Костовски и во овој случај вели дека очигледно е дека не требало да има толку голема доверба во луѓето, и дека веројатно покажувал наивност за периодот додека беше сопственик на Еуростандард банка, формирана во 2001 година.
Инаку, за овој случај во 2018 година, се водеше истрага од тогашното Специјално обвинителство, но потоа целата еуфорија околу случајот, како да спласна.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Еве колку би заработиле сега да сте вложеле 1.000 долри во Кока Кола во исто време како и Ворен Бафет

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НОВИ 11,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СТЕЧАЈНАТА МАСА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - ќе земаат „заглавени“ фирми, но и физички лица со повластени камати

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата а ја осигуруваме иднината!

ПО ПАДОТ НА CREDIT SUISSE - Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка

ФАКТОР НАПРАВИ ГРУБА ПРЕСМЕТКА: Еве колку ќе чини моралното менување документи заради Преспанскиот договор со новите поскапувања!

ЛУЃЕТО ЈА МРАЗАТ ИНФЛАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ГУБЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА - директор од ФЕД објасни зошто мора да ги зголемуваат каматите

АНАЛИТИЧАРИ: ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, ДОЈЧЕ БАНК НЕ Е НОВИОТ КРЕДИТ СВИС - паниката треба да се смири

СРПСКИ СТАРТАП ГО ПРЕЖИВЕА КОЛАПСОТ НА СВБ, ЗА МАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕА БЕЗ НИШТО - еве низ што се мораа да поминат

ПАДНАА АКЦИИТЕ НА ДОЈЧЕ БАНК - вознемирените инвеститори бараат посигурни „брегови“
