Ковачевски: Ќе има проблеми со набавка на мазут, можно е да нема доволно струја зимоска
Објавено во: Економија 28 Јули, 2022 13:48
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања денеска во Собранието рече дека земјата ќе се соочи со предизвик да набави мазут за производство на електрична енергија за време на следната зима.
- Веќе има недостаток на мазут на европскиот пазар, особено во јужна Европа како што таков проблем има Слвенија. Не чека незивесна зима за снабдување со гас, кој е потребен во индустријата и за затоплување, рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека е можно за време на зимата да ја нема електричната енергија во доволни количини.„Најтешката зима е поради нападот на Русија на Украина и сите проблеми кои се случија со зголемувањето на цените на нафтените деривати и електричната енергија, која ќе ја нема во доволни количини за време на зимскиот пеирод. Тоа е заклучок на екепсерти со светско реноме.
При ребалансот за 2022 ги имавме овие факти во предвид и затоа со ребалансот има 76 милиони евра за антикризни мерки кои се во фаза на подготовка. Со оглед на тоа дека има зголемување на цените на храната и инпутитте како како ќубривата и житотот, 32 милиони евра се определени за зголемување на домашното производство на храна“, нагласи Ковачевски.
Можеби ќе ве интересира
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?




