22 Ноември, 2024
0.1131

Ковачевски обвинува дека фирма блиска на ВМРО-ДПМНЕ ќе ископува во РЕК Битола, а изборот бил направен без оглас

Објавено во: Македонија 07 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Додека Груевски смислува насилни сценарија и работи на поделби на граѓаните, на 2 март оваа година склучен е нов договор за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола со битолската фирма Марковски компани, во висина од 290 милиони денари или речиси 5 милиони евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски.

Вели дека договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно да биде објавен оглас. Ковачевски објаснува дека фирмата е во сопственост на битолчанецот Борче Марковски, од неодамна конзул на Белорусија, инаку во јавноста познат како близок пријател на Сашо Мијалков.

„Фирмата Марковски Компани од 2008 година до денес има добиено тендери во РЕК Битола во износ од над 60 милиони евра. Еве и документи! Ова се фактури на фирмата Марковски Компани кон РЕК Битола за ископ на јаглен и јаловина и услуги коишто во изминатите години изнесуваат над 60 милиони евра. Оваа фирма е тесно поврзана со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Заради ваквите и слични милионски тендери, цената на струјата постојано растеше, а сметката за тоа ја плаќаат граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на Собранието овозможуваат да продолжат бизнисите на Груевски, а спречуваат да се формира нова реформска Влада којашто ќе се грижи за потребите на граѓаните. На пример, ако беше избрана новата Влада, денес граѓаните ќе имаа два часа дневна евтина струја, а исто така и утре и задутре, преку целиот викенд. Граѓаните ги очекуваат промените за живот. Има формирано легитимно парламентарно мнозинство“ - вели пратеникот. 

Тој кажа дека многу брзо, според Уставот, деловникот и законите ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и нова реформска Влада. По промените ќе има и ревизија на работењето на досегашната власт, и ќе има одговорност за сите направени злоупотреби, додава Ковачевски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР