20 Мај, 2024
0.0336

Ковалесцентната плазма е продукт кој не се произведува, зависи од хуманоста на излекуваните пациенти од Ковид-19

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Се поголем е бројот на излекуваните пациенти од Ковид-19 кои се пријавуваат да донираат ковалесцентна плазма, со цел да спасат што поголем број болни кои се хоспитализирани и се уште се борат со вирусот. Само во текот на изминатата недела забележителен е многу поголем интерес за ваквата хумана активност, велат за Фактор од Институтот за трансфузиона медицина, па вкупно до сега од почетокот, откако почна целиот овој процес на собирање крвна плазма, 30 донори го дарувале овој исклучително „делотворен лек“, а биле собрани 40 единици, но залихите се речиси при крај.

-Има многу хумани луѓе. До сега се имаат пријавено повеќе од 300, но најголемиот број од излекуваните пациенти се над 60 години и имаат и други хронични заболувања, така што за жал не ги исполнуваат условите за да донираат ковалесцентна плазма. Тоа е продукт кој не се произведува, и практично складирањето што поголем број единици, зависи единствено од хуманата волја на дарителите, вели за Фактор, д-р. Радица Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје.

Д-р. Грубовиќ истакнува дека најдобро е да се донира ковалесцентната плазма со методата плазмафереза, односно метода со клеточен сепаратор, па тогаш, како што вели, со едно дарување се добиваат две единици крвна плазма.

-Ваквата метода, истовремено овозможува еден донор повеќе пати да дарува крвна плазма, за разлика од оние излекувани пациенти кои даруваат полна крв, па потоа треба да поминат неколку месеци, доколку сакаат повторно да донираат, истакнува д-р. Грубовиќ.

Од Институтот за трансфузиона медицина изразија огромна благодрансот до сите оние кои се пријавиле да донираат ковалесцентна плазма, како и до сите излекувани пациенти кои донираа и со чија помош се спасени животи на други, а велат дека им е посебно драго што во Институтот постојано доаѓаат и нивните долгогодишни крводарители и дарители на тромбоцити, за што се посебно благодарни. 

-И сега повторно апелираме да се јавуваат што поголем број хумани луѓе. Крвната плазма навистина може да спаси голем број животи, а во моментов навистина е една од најдобрите методи. Имаме посебен линк преку кој се отвора формулар за донор на ковид-19 ковалесцентна плазма и оние кои сметаат дека ги исполнуваат условите може да се пријават, вели, д-р. Грубовиќ.

-Постапка за дарување плазма се вика плазмафереза и се изведува со високософистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми кој ги исполнува наведените критериуми. Да имaат документиран лабораториски доказ дека биле болни од ковид-19, два негативни теста во рок од 24 часа, да се минимум 21 ден без симптоми, по што ќе се направи дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус, машките дарители или женските кои не раѓале или се негативни на HLA антитела. Ќе биде земен примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализичаки антитела Anti-SARS-CoV-2“, е наведено во соопштението кое е на веб-страницата Институтот. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција