09 Октомври, 2024
0.0246

КРАЈ НА „ДИВОТ ЗАПАД“ ЗА ИНФЛУЕНСЕРИТЕ: Казните се и до 250.000 евра, Италија воведува строги правила

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Италијанските инфлуенсери и другите создавачи на содржини на социјалните мрежи наскоро би можеле да бидат обврзани со истите правила како и традиционалните медиуми кога објавуваат содржина на интернет. Активностите на инфлуенсерот ќе ги следи Италијанската агенција за комуникации (AGCOM), пренесува Би-Би-Си.

Правилата првично ќе важат за инфлуенсери со повеќе од милион следбеници. „Дивиот запад на инфлуенсерите заврши“, рече шефот на AGCOM, Џакомо Ласорела. „Почнуваме со големите, но и другите ќе мора да се прилагодат“, изјави тој за весникот „Ла Република“.

Кои се правилата?

Истакнати инфлуенсери ќе се соочат со високи казни доколку не успеат јасно да ги означат соработките со брендови или да ги откријат своите комерцијални интереси. Предложените упатства, исто така, имаат за цел да ги заштитат децата, со нов сет на регулативи кои вклучуваат строги казни за инфлуенсерите кои не ги рекламираат правилно соработките на нивните брендови и сопствените комерцијални интереси, со казни до 250.000 евра.

AGCOM во соопштението рече дека нејзините мерки ќе се однесуваат на „комерцијалната комуникација и заштитата на основните права на луѓето, малолетниците и спортските вредности“. Во случај на пласирање производи, „инфлуенсерите се обврзани да вметнат предупредување за рекламната природа на содржината“, се наведува во соопштението за печатот.

Многумина ја поврзуваат одлуката на AGCOM со неодамнешниот скандал со големата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи - што Ласорела го негираше.

Во декември, Ферањи, која има речиси 30 милиони следбеници на Инстаграм, беше казнеат со нешто повеќе од милион евра поради тврдењето дека продажбата на „дизајнерска“ розова божиќна торта ќе помогне во финансирањето на детската болница во Торино. Во реалноста, производителот на колачи ги дал парите во болницата неколку месеци пред да биде лансиран производот.

Минатата недела италијанската полиција објави дека Ферањи официјално ќе биде под истрага за измама во врска со случајот со божиќната торта.

Минатата година во другите европски земји беа воведени построги правила за инфлуенсерите.

Во јуни, Франција донесе закон според кој инфлуенсерите би можеле да се соочат со затворска казна доколку се открие дека ги прекршиле новите регулативи за рекламирање. Тоа беше првпат работата на инфлуенсер да биде законски дефинирана во Европа.

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист