03 Декември, 2024
0.0263

Крајната десница за прв пат победи на избори во Австрија по Втората светска војна

Објавено во: Свет 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Слободарската партија на Австрија (ФПО) победи на парламентарните избори, прва победа на крајната десница по Втората светска војна, но сепак неизвесно е тоа дека ќе состави влада.

Според прелиминарните резултати, ФПО освоила 29,2 отсто од гласовите, додека Австриската народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нехамер доби 26,5 отсто од гласовите. Централно-левичарската Социјалдемократска партија има 21 отсто од гласовите, според АП.

Лидерот на ФПО, Хербер Кикл, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен стратег, кој е на чело на партијата од 2021 година, сака да биде канцелар, но за да го стори тоа ќе треба да најде коалициски партнер за да обезбеди парламентарно мнозинство.

Сепак, лидерите на спротивставените партии најавија дека немаат намера да соработуваат со Кикл во новата влада, потсетува АП.

Ројтерс пренесува дека најверојатното партнерство на Кикл е со ОВП, која, како и тој, сака да воведе построги регулативи за имиграција.

55-годишниот Кикл пред изборите вети дека ќе ги депортира барателите на азил и дека ќе престане да ја поддржува одбраната на Украина од Русија.

Вчера Нехамер повтори дека нема да го назначи Кикл за канцелар во коалициската влада, додека Кикл вети дека нема да ја предаде челната функција на Австриската народна партија доколку ги победи. Тој рече дека ќе го следи политичкиот модел на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Лидерот на социјалдемократите Андреас Баблер вчера изјави дека би бил подготвен да размисли за коалиција со Нехамер.

Во Австрија преговорите за формирање на владејачка коалиција традиционално траат со месеци, а не со недели, така што преговорите би можеле да се одолговлекуваат до следната година, пишува Блумберг.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ЗОШТО ЧАРЛС КУШНЕР, ТАТКОТО НА ЗЕТОТ НА ТРАМП И ИДЕН АМБАСАДОР ВО ПАРИЗ Е ТОЛКУ КОНТРОВЕРЗЕН? Еве ги сите скандали поврзани со неговото име

ЗОШТО ЧАРЛС КУШНЕР, ТАТКОТО НА ЗЕТОТ НА ТРАМП И ИДЕН АМБАСАДОР ВО ПАРИЗ Е ТОЛКУ КОНТРОВЕРЗЕН? Еве ги сите скандали поврзани со неговото име

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер