08 Октомври, 2024
0.0264

КРАЛОТ ЧАРЛС МУ СООПШТИ И НА ХАРИ ДЕКА ИМА РАК: Принцот итно се враќа во Англија, Вилијам презема дел од должностите

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Вчера беше објавено дека на британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак додека бил во болница во Лондон, каде пред десетина дена бил опериран поради зголемена простата. Тоа требаше да биде бенигна промена, како што беше истакнато, но за жал следеше пресврт. Голем број граѓани вчера беа пред Бакингемската палата за да му дадат поддршка на монархот. Во меѓувреме неговиот помлад син Хари бил виден вчера на аеродромот во Лос Анџелес, како брза да стигне до британската престолнина и да го посети својот татко.

Очигледно, како што пишува Дејли Меил, принцот Хари веќе го напуштил Лос Анџелес за да биде со кралот Чарлс, откако на монархот му била дијагностицирана гадна болест. Меган Маркл и нивните деца Лилибет и Арчи останаа дома во Монтесито.

Кралот Чарлс лично му се јавил на Хари за да му ја соопшти тажната вест, а војводата од Сасекс се качи на авион за да денеска биде во Велика Британија. Кралот му кажал сè на својот син Вилијам на ист начин. Експертите сметаат дека брзото доаѓање на помладиот син е знак дека состојбата е сè уште сериозна.

Британскиот судски експерт Ричард Фицвилијам рече: „Сигурен сум дека Хари сега ќе го остави минатото настрана за оваа сериозна работа. Тоа е толку важно за кралското семејство“. Експертите го советувале принцот да ги заборави кавгите. Кога ако не сега? Експертите ценат дека и се надеваат дека враќањето на војводата од Сасекс може конечно да ги зближи Хари, Чарлс и Вилијам.

„Војводата разговараше со својот татко за неговата дијагноза. Тој ќе допатува во Лондон“, соопшти вчера канцеларијата за односи со јавноста на принцот Хари.

Инаку, престолонаследникот, кој оваа недела се враќа на јавните должности, може да преземе некои должности во име на својот татко додека тој е на лекување, пишува Дејли Мејл.

Кралот ја поминал минатата ноќ дома во Лондон, откако започнал амбулантски третман бидејќи семејството и пријателите откриле дека монархот останал „многу позитивен“ по неговата дијагноза. Премиерот Риши Сунак денеска изјави дека е „шокиран и тажен“ кога слушнал за дијагнозата на ракот, но откри: „За среќа, сè беше рано дијагностицирано“.

ФОТО: EPA-EFE/ANDY RAIN

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист