Добивај вести на Viber
Cпорот меѓу Хрватска и Словенија околу користењето на називот „крањска“ за колбасот, за кој Словенците сметаат дека е нивни национален бренд, се очекува да заврши наесен, кога Европската комисија ќе мора да одлучи дали Хрвтаска ќе може и понатаму да произведува кобасица под овој назив.
Како што информира Б 92, во јули истекол рокот кога Хрватска требала да постигне директна согласност со Словенија. Имено, Љубљана поднела барање до ЕУ „крањскиот колбас“ да се стави под ЕУ режим, односно под „ознака на заштитено потекло“ и да се одбие барањето на хрватските производители и натаму да ја произведуваат под тоа име.
Се додека Хрватска не влезе во ЕУ можеше да произведува „крањски колбас“ , но сега Словенија очекува да биде заштитена на територијата на ЕУ.
Хрватска и Словенија имаат и други спорови за заштита на производството, како што се вината од Истра.