05 Декември, 2025
0.1023

КРЕДИТИ: Фирмите во должнички амбис – нефункционалните кредити на ниво од 17%!

Објавено во: Финансии 13 Јануари, 2015 08:57

Добивај вести на Viber

Се влошува кредитното портфолио на банките, односно расте сумата на нефункционални и прoблематични кредити. Во последниот, најнов извештај на Народната Банка, заклучно со третиот квартал од 2014 та година, нефункционалните кредити се зголемиле и на годишна и на квартална основа. “Квалитетот на кредитното портфолио на банкарскиот систем, следен преку промените на нефункционалните кредити на нефинансиските субјекти се влошува, како на квартална така и на годишна основа но со различно темпо забрзување на  влошувањето на квалитетот на годишна основа, а негово  забавување на квартална основа.“ се посочува во Извештајот на НБРМ. Според анализата на НБРМ, растот на нефункционалните кредити кои достигнаа 12,2%, е генергиран од растот на проблематичните наплати од претпријатијата, односно фирмите. “Кај претпријатијата ова учество се искачи на 16,9%, што е највисоко ниво после2006 година.“ – костатира НБРМ. Еве кај кои сектори е регисриран пораст на нефункционалните кредити: трговија на големо и мало, индустрија, градежништво,  и дејности во врска со недвижен имот. “Во октомври 2014 година, годишната стапка на раст на нефункционалните кредити достигна 16,2%“ – информираат од НБМ. Кредитните картички - тешки за отплата ! За разлика од приватниот сектор, кај домаќинствата е регистрирана стагнација на салдото на нефункционални кредити, но во однос на структурата, има раст на прблематичните наплати по основ на долгови за кредитни картички. “Нефункционалните кредити на домаќинствата и натаму се на исто ниво, а во нивни рамки се зголемија нефункционалните потрошувачки кредити и кредитите врз основа на издадени кредитни картички, при истовремено намалување на нефункционалните автомобилски кредити“ – посочуваат од НБРМ. Во третиот квартал се забележува позначаен пораст на реструктуираните нефункционални кредити. Овие кредити зафаќаат 28,2% од вкупните нефункционални кредити. Скоро 12% од нефункционалните кредити биле преходно пролонгирани а речси една четртина, или 30% од претходно пролонгираните кредити добиле нефункционален статус. Сумирано, нефункционалните кредити коишто претходно биле пролонгирани и реконструираните кредити зафаќаат 39,5% од вкупните нефункционални кредити. Во третиот квартал биле отпишани долгови во вредност од 271 илјада евра, што е најниско ниво во последните пет години. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката