05 Декември, 2025
0.0756

КРЕДИТИ И КАМАТИ: Како се движат кај банките и што може да се очекува?

Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2015 09:41

Добивај вести на Viber

Во третиот квартал од годинава – вкупното кредитирањето расте, но со забавено темпо во споредба со претходниот квартал.  Односно, на крајот на септември стапката на раст изнесувала 1,2 %,  додека на крајот на јуни годинава изнесувала 2,7% .
 
Вкупни кредити – квартални стапки на раст
                                           Кв1              Кв 2        Кв3         Кв4
2014 год.                             1,8%      2,9%      1,4%      3,6%
2015 год.                             1,1 %     2,7%      1,2%      /
„Натамошните поволни движења на кредитниот пазар произлегуваат од постојаната солидна поддршка на банките кон секторот „домаќинства“, додека корпоративните кредити бележат умерено намалување на квартална основа. Ваквите промени кај корпоративното кредитирање делумно може да се должат на сезонски фактори, имајќи ги предвид историските остварувања на често послабото кредитирање на овој сектор во јули и август. Во прилог на таквата оцена одат и резултатите од последната анкета за кредитната активност , којашто дава сигнали за позитивни промени на страната на понудата и на страната на побарувачката на кредити од приватниот сектор во текот на третото тримесечје, се вели во извештајот на НБРМ. Во август, НБРМ изврши промени во поставеноста на инструментот на задолжителната резерва и очекуава дела тоа ќе придонесе за поттикнување на долгорочното штедење на домаќинствата во домашна валута, но и за ослободување ликвидност, што отвора простор за поголема кредитна активност на банките. „ Во периодот јули-август се забележува одредено влошување на кредитното портфолио на банките, особено кај корпоративниот сектор, што придонесува кон умерен раст на учеството на сомнителните и спорните кредити во вкупните кредити на 11,5% во септември, од 11,2% во јуни. Ваквите движења во еден дел се објаснуваат и со забавената кредитна активност во овој период, при што учеството на сомнителните и спорните побарувања во вкупните кредити и натаму гравитира околу просекот за претходните две години којшто изнесува околу 11,6%, се објаснува во извештајот на НБРМ. Во однос на рочноста на која се земаат кредитите и во однос на валутата и во третиот квартал од годинава се задржани истите трендови од претходно. „Така, долгорочните и денарските кредити во целост придонесуваат за оствареното квартално зголемување на вкупните кредити, додека краткорочните кредити и кредитите во странска валута бележат квартално намалување,“ стои во извештајот на НБРМ. Кредити на население Кредитирањето на домаќинствата во третиот квартал од годинава прдолжува, со како што вели НБРМ солиден раст, но сепак малку побавно од вториот квартал од годинава. Кредитите на домаќинствата во третиот квартал имаат раст од 3,3% , а во вториот квартал имале раст од 4,2%.
Стапки на раст кај кредити за население
                                            Кв1             Кв2         Кв3         Кв4
2014 год.                             2,1%      3,9%      2,9%      2,4%
2015 год.                             2,4%      4,2%      3,3%      /
„Остварениот прираст во најголем дел и натаму се должи на зголемувањето на потрошувачките кредити, по што следуваат станбените кредити. Ваквите остварувања, согласно со резултатите од последната анкета за кредитната активност, во поголем дел произлегуваат од поволните движења на страната на побарувачката на кредити, при што повисока побарувачка се забележува првенствено кај потрошувачките кредити, по што следуваат станбените кредити. Во однос на кредитните услови, банките упатуваат на умерено нето-олеснување на условите за кредитирање, но послабо во поредба со претходната анкета, се наведува во извештајот на НБРМ. Кредити на претпријатија За разлика од домажинствата, кредитирањето на компаниите во третиот квартал од годинава бележи пад од 0,4%, наспроти растот од 1,6% во претходниот квартал.
Стапки на раст на кредитите за претпријатија
Кв.1       Кв.2       Кв.3      Кв.4
2014                                       1,5%      2,0%      0,3%      4,5%
2015                                       0,1%      1,6%      -0,4%     /
„Намалувањето на вкупните кредити е остварено во текот на јули и август, додека во септември корпоративните кредити бележат солиден месечен раст. Ваквите движења се карактеристични за третиот квартал неколку години наназад што укажува на веројатно сезонско приспособување на кредитната активност насочена кон овој сектор. На привремен карактер на приспособувањето на корпоративните кредити во овој период упатуваат и резултатите од Анкетата за кредитната активност. Имено, според одговорите на банките, во третиот квартал се забележани одредени подобрувања на страната на понудата и на страната на побарувачката на кредитите. Така, се зголемува бројот на банките коишто укажуваат на нето-олеснување на кредитните услови, при истовремено зголемување на побарувачката за корпоративни кредити. Во рамки на нестандардната мерка за поттикнување на кредитната активност за нето- извозниците и производителите на електрична енергија во третото тримесечје беше забележано намалување на новоодобрените кредити, што во целост се должи на релативно високиот месечен пад на кредитите на банките одобрени на нето-извозниците во текот на јули.“, се вели во извештајот на НБРМ. Каматни стапки Анализата на каматните стапки  вкупните кредити на домаќинствата и претпријатијата во август не бележат позначителни промени во однос на јуни, при што се стабилизираат на 7% кај домаќинствата и 6,6% кај фирмите. „Така, кај домаќинствата се забележува стабилизирање на денарските каматни стапки на новоодобрените кредити при раст на девизните каматни стапки за 0,3 п.п. Од друга страна, кај корпоративните кредити најновите податоци со август укажуваат на олабавување на каматните услови преку намалување на денарските и девизните каматни стапки на новоодобрените кредити за 0,4 п.п. и 0,5 п.п., соодветно., објаснува НБРМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката