КРЕДИТИ: Што нудат банките во летниот шпиц?
Објавено во: Финансии 19 Јуни, 2014 08:43
“Во летните месеци со цел да им излезе во пресрет на клиентите, Стопанска банка подготви промотивна понуда за станбени, потрошувачки кредити и кредитни картички. Станбените кредити покрај гарантираната каматна стапка за првите 5 години (5% за првите 3 и 6% за следните 2 години) до крајот на август се со 100% попуст на административните и трошоците за проценка. Потрошувачките кредити до 10 000 евра без обезбедување се добиваат за само триесет минути од поднесување на комплетно барање во филијалата и се со промотивна каматна стапка гарантирана за првата година од 6.5% до крајот на јули 2014 година и целосно без административни трошоци“ - велат од Стопанска Банка и додаваат :“Новоиздадените MasterCard кредитните картички ги одобруваме со 0% каматна стапка за сите купувања до крајот на септември по што во примена ќе биде редовната каматна стапка која во моментов изнесува 10.13% за клиентите кои платата ја примаат во Стопанска банка. Оваа понуда важи за сите барања до 31.08.2014.““ Со овие понуди и поволности од оваа банкарска групација посочуваат дека се олеснуваат условите за добивање на кредит но и дека сето ова ќе се влијае врз кредитниот раст во периодот што следува. Дел од банкарските групации одлучија во овој летен период, кога сезонски се очекува зголемена побарувачка на кредити, да се насочат кон таргетирани клиенти.
“Ние како банка се ориентираме кон бонитетни клиенти или кон компании кои редовно исплаќаат плати, придонеси и други обврски. Токму на таквите фирми, односно за нивните вработени нудиме пакет на банкарски производи со поповолни услови, како пониска камата, пониски провизии и трошоци и полесни процедури за добивање или одборување на кредит“ - вели Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска Банка – Битола.Дополнително како адут за зголемување на кредитирањето оваа битолска банка ги нуди условите за оценување на кредитоспособноста на клиентот.
“Станува збор за новини во политиката на оценување на кредитната сопсобност на клиентите, пришто банката ги зема во предвид сите приходи на клиентот, без разлика дали станува збор за редовни или дополнителни, хонорарни примања, кои се пресметуваат како сто процентен приход, што пак влијае врз кредитната оценка. “ - објаснува Ефтимоски.Инаку, според последните расположливи податоци за банкарскиот сектор, во април вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 3 милијарди и 841 милион евра. Во однос на март, за првпат од почетокот на годинава е регистрирано намалување на кредитната активност за близу 5 милиони евра. Во истиот месец, најновите податоци на Народната Банка укажуваат дека продолжува трендот на раст на сомнителните и спорните побарувања кои достигнаа ниво од 428,5 милиони евра. Во однос на март, НБРМ измери пораст на нефункционалните кредити и кај девизната и кај денарската изложеност. Според податоците, од аспект на валутната структура, намалување на кредитната активност има кај девизните кредити, додека кај денарските е забележан пораст. Во истиот месец има намалување на кредитирањето кај приватниот сектор, додека кај домаќинствата растот продолжува. Во април во однос на март, задолженоста на граѓаните се зголемила по основ на денарски потрошувачки и станбени кредити, додека кај автомобилските кредити, кредитните картички и минусните салда се забележува намалување. По основ на потрошувачки кредити населението должи 711 милиони евра, а по основ на кредитни картички 194 милиони евра. Задолженоста на граѓаните за станбени кредити изнесува 377 милиони евра. Според проекциите на Народната банка за годинава се очекува кредитен раст од околу 8%. А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





