04 Декември, 2024
0.0286

КРЕДИТИ: Земаш 50 000 евра, враќаш 100 000 евра!

Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Пред завршница на оваа банкарска година, кога гувернерот Димитар Богов најави кредитен раст од околку 5%, што е под прокециите и очекувањата, банките со сопствена понуда како да привлечат повеќе клиенти. Главно го пикираат населението. Се нудат промотивни кредити и камати, без плаќање на манипулативни трошоци, зајакнати со гратис кредитни карички. Кај граѓаните, најбарани се потрошувачките ненаменски кредити. Токму населението, според мерењата на НБРМ е клучниот генератор во структурата на кредитниот раст. Еве детаљи за дел од кредитната понуда на банките, колку пари би земале, а колку би требале да вратите со камата: Потрошувачки ненаменски кредити: Во оваа банкарска година, која е на истек, според банакрите најбарани се ненаменските потрошувачки кредити. Еве колку ќе ве чини еден ваков кредит во вредност до 5 000 евра. Каматата за еден ваков кредит достигнува и до 11,5% на годишно ниво. Максималниот рок на отплата што се нуди во дел од банките изнесува 72 месеци или 6 години. Пред да се подигне кредитот, граѓанинот плаќа од 2 % до 2,5% на име манипулативен еднократен трошок, кој не може да биде помал од 1000 денари. Во обид да привлечат повеќе клиенти, дел од банките решија да не го наплаќќат овој надоместок до крајот на годинава, како дел од промотивна кампања. Дополонително, се плаќа од 200 до 400 денари на име “трошок за апликација“.  Она што може да се смета како предност е што дел од банкарските групации не наплаќаат доплнителна провизија доколку кредитот се исплати предвреме. Сепак, за да се дојде до оваа сума од 5 000 евра, граѓанинот треба да исполни повеќе услови, кои главно ги диктираат сите банки. Така, зависно од сумата што се бара,  главен услов е да се обезбеди најмалку еден кредитоспособен жирант. Пресметката на банкарските калкулатори го покажува следново. За кредит од 5 000 евра, што треба да се врати на 72 месечни рати, со годишна камата од 11,5%, месечната рата ќе изнесува 100 евра. Еве колку ќе земете а колку треба да вратите на банката : Месечна рата               100 евра Камата                        2 000 евра Вкупно за враќање     7 000  евра Дел од банките нудат потрошувачки кредити и до 10 000 евра, за кој се нуди пониска камата, но подолг рок на отплата на кредитот. Како дел од условите што се бараат од клиентите се и висината на нивните месечни примања, да се клиенти на соодветната банка и да се ви редовен работен однос. Станбени кредити: Владината кампања “Купи куќа – купи стан“ ја надполни банкарската понуда за кредитирање на инвестиција во недвижности. Доплнително, дел од банките склучија договори со одреден градежни компании преку кои се нудат различни услови за купување на стан, главно во изградба. Новоодобрените комерцијални станбени кредити се нудат со пониска камтна стапка, чие минимално ниво изнесува околу 5,5% , загарантирани во првите неколку години, а потоа се пресметува камата од 7 % променлива годишна камата. Сумите што ги нудат банките за овој вид на кредити се движат и до 150 000 евра. Два клучни услови диктират банките за овој тип на кредити, хипотекарно обезбедување или депозити. Секако, тука се и условите за редовно вработување, редовни месечни примања и жиранти. Рокот на отплата може да биде и до 30 години. Ако се земе  станбен кредит од 50 000 евра, со максимален рок на отплата од 30 години и камата од 5,5% ( која е загарантирана во првите пет години), еве што покажува пресметката за тоа колку ќе чини ратата ( во случајов за клиент на банка која го одобрува кредитот): Месечна рата            284 евра Камата                       52 200 евра Вкупно за враќање  102 200 евра Секако, овие пресметки не се конечни и зависат од тоа какво е обезбедувањето за кредитот и дали кредитокорисникот е веќе клиент на банката. Во обид да ја зголемат “продажбата“ на овие кредити, банките нудата ниски загарантирани каматни стапки во првите 3 до 5 години, дел од групациите влегоа и во промотивна кампања за ослободување од административни трошоци, која трае до крајот на годинава. Со станбените кредити, некои од банките на граѓаните им нудат можност, освен станови, да купуваат и градежно земјиште, деловен простор, куќи. Во зависност од повеќе услови, главно од тоа дали станува збор за денарски или девизен кредит, по истекот на периодот за загарантирана каматна стапка, таа може да се искачи и до 10% на годишно ниво. Автомобилски кредити: Во годинава што изминува, податоците на банките покажуваат дека кај автомобилските кредити има намалување на побарувачката. Дел од импортерите на нови автомобили укажаа дека има значаен пад, односно продажба во овој бизнис како резултат на повеќе фактори: кризата, ослабената купувна моќ на граѓаните но и увозот на половни автомобили. Кредитите за купување на нови автомобили, се дел од понудата на речиси сите банки и се условени со обезбедување, главно возилото како залог, но и обезбедување со недвижност. Дел од банките нудат автомобилски кредити и до 50 000 евра. Каматите се различни од 7,5% до повеќе од 9%, во зависност од повеќе фактори како што се обезбедување, потоа  дали кредитобарателот е вработен или пензионер, дали е постојан клиент на банката, дали кредитот е со денарска или девизна клаузула. Рокот на отплата, во зависност од сумата се движи и до десет години. Како дел од банкарската понуда се и кредити за студенти, за пензионери, за туризам, енергетска ефикасност па дури и кредит за уживање. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра