05 Декември, 2025
0.1373

КРЕДИТИРАЊЕТО ЗАБАВУВА: Грaѓаните во банките должат 2 милијарди евра!

Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2016 08:19

Добивај вести на Viber

Не запре трендот на намалување на депозитите и во мај. Народната банка регистрираше и пад кај кредитирањето. За еден месец депозитната база се намалила за скоро 22 милиони евра а кредитната изложеност за речиси 7 милиони евра. На страната на кредитирањето, особено изразено намалување има кај приватниот сектор, односно кај компаниите. Намалување на кредитирањето на фирмите… За еден месец или во мај во споредба со април, кредитната изложеност на банките се намали за 6,7 милиони евра. Новите податоци на Народната банка покажуваат дека во петтиот месец од годинава задолженоста на граѓаните и натаму растела, додека намалување на кредитирањето има кај компаниите, што укажува на тренд на воздржано кредитирање кон приватниот сектор, но и забавена побарувачка за кредити од страна на фирмите. Така, најновите податоци на НБМ покажуваат дека вкупната кредитна изложеност на банките во мај изнесувала 4 547 089 430 евра, за разлика од април кога била на ниво од 4 553 853 658 евра. Анализата на податоците добиени на ниво на вкупниот банакрски сектор упатуваат на тоа дека во мај е регистрирано намалување на кредитната изложеност и во денари и во девизи. Позначаен пад има кај кредитирањето на приватниот сектор. Имено за еден месец кредитната изложеност кон фирмите се намалила за 29 милион евра. Кредитирање на фирми: мај 2 456 439 024 евра април 2 486 081 300 евра За разлика од состојбата со кредитирањето на компаниите, кај населението е регистриран пораст на задолженоста за нешто повеќе од 23 милиони евра на месечно ниво. Кредитирање на население: мај 2 055 056 910 евра април 2 031 983 739 евра Во мај, салдото на нефункционалните, односно проблематични кредити се намалило за 31 милион евра и засклучно со петтиот месец изнесувало 456 милиони евра. Ќе има ли повисоки камати од 1 ви јули ? Банкарите ги прават финалните пресметки за првото полугодие од оваа економска година во пакет со калкулациите за можно зголемување на каматите на депозитите а со тоа и на кредитите. До сега дел од водечките банки објавија дека ги зголeмија каматите, а дел пак сеуште ги правата анализити. Како што веќе објави “Фактор“, пресметките се во тек а можните корекции би стартувале од 1 ви јули. Од средните и помалите банки, соочени со конкуренцијата на големите групации, велат дека будно ќе ја следат состојбата. “Каматите што ги нуди банката засега остануваат на ова ниво. Има доволно ликвидност а тоа се покажа и при априлскиот шок, будно ја следиме состојбата но засега нема детерминанти за зголемување на каматите кои сега во нашата банка се атрактивни и конкурентни“, изјави Владимир Ефтимоски од Стопанска Банка – Битола. До сега раст на каматите за депозити и за дел од кредитите обајви Комерцијална Банка, а Охридска банка – Сосиете женерал писмено информираше за нагорна корекција на каматите за одредени депозити во зависност од рочноста. Дел од водечките банкарски групации во земјава ги прават финалните пресметки за можно зголемување на каматите за депозитите, а со тоа и на кредитите. “Засега нема корекција на каматите ниту кај депозитите ниту кај кредитите. Во банката ги следиме и мониторираме севкупните состојби, иако поради политичката неизвесност многу е тешко да се дадат прогнози. Сепак, банката прави анализи и тие се во тек. Од тие анализи и проценки ќе зависи дали воопшто ќе има корекција на каматните стапки. Во суштина, доколку една банка посегне по зголемување на каматите за депозитите, тогаш тоа би значело и зголемување на каматите за кредитите, но засега кај нас ваква одлука нема“, коментираат за “Фактор“ од една од водечките банки во земјава. Од НЛБ Банка информираа дека ако до крајот на овој месец Народната Банка ја задржи сегашаната камата, тогаш ќе се пристапи кон анализа за можно зголемување на каматите за штедењето, но засега од банката велат дека причина за пораст на каматите нема. Сепак банкарите велат дека промените во каматната политика се условени и од други фактори поврзани со побарувачката и понудата. За да го стимулира штедењето во денари и да го амортизира ударот од политичката неизвесност кој се рефлектираше со зголемена побарувачка за девизи, но и повлекување на депозитите, Народната банка во април објави пакет мерки со кои прати сигнал до деловните банки за затегнување на монетарната политика. Според податоците од НБМ , во мај е регистрира и пад на депозитната база за скоро 22 милиони евра, пришто само граѓаните во истиот месец повлекле 67 милиони евра а комапниите вратиле 30 милиони евра. На крајот на петтиот месец вкупните депозити изнесувале 4,8 милијарди евра. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката