05 Декември, 2025
0.0298

Кредитите на граѓанскиот сектор растеле за 500.000 евра просечно дневно!

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2014 21:18

Добивај вести на Viber

Според официјалните податоци на централната банка денарските кредити од август лани до август годинава пораснале за 11,15 милијарди денари (181 милиони евра) и изнесуваат 97,46 милијарди денари. Кај компаниите во истиот период кредитирањето во денари  пораснало за 8 милијарди денари (129 милиони евра). Кредитирањето во денари на граѓанскиот сектор за една година, од август лани до август годинава, растело за неверојатни 500.000 евра просечно дневно, покажуваат официјалните податоци од билансот и прегледите на Народната банка на Република Македонија објавени во понеделник на интернет страницата на централната банка. Кредитната изложеност на граѓанскиот сектор во денари на крај на август изнесува 97,46 милијарди денари (1,58 милијарди евра) и во споредба со август лани пораснала за 11,15 милијарди денари односно за 181 милиони евра. Слична е тенденцијата и кога се споредуваат податоците на месечно ниво. Од јули до август годинава кредитирањето во денари пораснално за 923 милиони денари односно за 15 милиони евра. Просечно дневно кредитирањето на граѓанскиот сектор во овој период растело за 29,77 милиони денари. Кредитната изложеност на граѓанскиот сектор во девизи изнесува 6,16 милијарди денари односно 100 милиони евра. Споредбата на податоците за кредитната изложеност во девизи во споредба со август лани покажуваат снижување за 1 милион евра. Кај стопанството состојбата со кредитирањето во денари на краток рок бележи сосема спротивна тенденција од кредитирањето на граѓанскиот сектор. Во август наспроти јули годинава кредитирањето во денари на фирмите бележи пад од 26 милиони денари и изнесува 91 милијарда денари (1,48 милијарди евра). За една година кредитната изложеност на фирмите спрема деловните банки пораснала 7,96 милијарди денари до износ од 91 милијарди денари. Кај изложеноста во странска валута кредитирањето на компаниите бележи различна тенденција од денарското кредитирање. Вкупниот кредитен износ во девиза на крај на август годинава е 48,36 милијарди денари (785 милиони евра) и за една година пораснала само за 5 милиони евра. На месечно ниво август во споредба со јули годинава кредитирањето во девизи бележи пад за 2 милиони евра. Вкупни кредити во стопанство и граѓански сектор изнесуваат 244,13 милијарди денари (3,96 милијарди евра) во август и за еден месец пораснале 679 милиони денари (над 11 милиони евра). Во споредба со август лани износот на сите кредитни побарувања на банки и штедилници пораснал за 19,26 милијарди денари односно за 312,6 милиони евра. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката