Кредитите во опаѓање, неизвесноста на кризата тешко влијае врз задолжувањето
Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2016 17:50
Комерцијалните банки заклучно со септември имаат издадено помал број на кредити за граѓаните и фирмите, извести Народната Банка во последниот извештај.
Резултатите од Анкетата за кредитната активност укажуваат на нето-намалување на побарувачката за потрошувачки кредити и мало нето-зголемување на побарувачката за станбени кредити. Што се однесува на одделните типови кредити на домаќинствата, прирастот и натаму произлегува претежно од зголемувањето на потрошувачките кредити, но со помал придонес во однос на претходниот квартал, се вели во ноемврискиот извештај на НБРМ.
Дел од граѓаните велат дека во услови на политичка незивесност се воздржуваат од поголеми задолжувања во банките. И дел од менаџерите на банките велат дека во изминатиот период е регистрирано забавено кредитирање, иако за разлика од вториот квартала сега има мал пораст.
Банките и натаму се отворени и продолжуваат со кредитирање. Условите за кредитирање се олеснети, но препазливоста за одбрување останува голема. Во изминатиот период има раст на кредитирањето, но воздржаност за побарувачка има и од страна на населението, пренесува 24 Вести.
За разлика од кредитирањето на населението, кои практично го подигнуваат вкупниот кредитен раст, кредитирањето на компаниите се намалува.
Кредитите на корпоративниот сектор забележаа квартално намалување од 1,1 %, коешто беше пониско во споредба со претходниот квартал (пад од 3,8%), се нотира во извештајот на НБРМ.
Заклучно со септември вкупната кредитна изложеноста на банките изнесувала 4,4 милијарди евра, при што раст има кај денарските додека намалување има кај девизните кредити.
Банкарите имаат прогноза дека во наредниот период незначително ќе се зголемува потребата од станбени кредити, а потрошувачките ќе се намалуваат.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





