05 Декември, 2025
0.0386

Кредитниот рејтинг останува стабилен, Владата задоволна

Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2013 21:19

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Зоран ставрески е задоволен од потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од Агенцијата „Фич“ кој останува стабилен или „ББ+“. Ова за вицепремиерот е признание за економските политики,  а за него ова е значајно бидејќи се праќа добар сигнал кон странските инвеститори. „Исто така, со оценката се праќа и сигнал до банкарските институции, инвестициските фондови и сите оние кои во иднина треба да учествуваат во купувањето на државните обврзници на РМ при евентуална емисија дека РМ е земја со здрави макроекономски индикатори и е различна од земјите во соседството кои имаат многу повисоко ниво на задолженот и многу пониски стапки на раст“, рече Ставрески. Според вицепремиерот,  рангирањето на „Фич“ е резултат на подобрените проекции за економскиот раст на земјата и умерените буџетски дефицити, а посочи и дека Владата очекува и годинава растот на македонската економија да биде повисок од проектираниот на 2 отсто. „Добро е е да бидеме подобри од она што сме проектирале во делот на економскиот раст. Секако на страна на реализацијата на приходите и расходите до крајот на годината очекувам повисок степен на реализација во однос на претходните години, бидејќи во првите осум-девет месеци имаме подобра реализација на капиталните инвестиции“, изјави Ставрески. Тој потенцираше дека расте бројот на агенции и меѓународни финансиски институции што предвидуваат зголемување на економскиот раст за 2013 година за РМ и дека со секој нов извештај добиваме потврда дека нивните видувања на македонската економија се позитивни и оти македонската економија ќе има повисок економски раст. Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“во првите шест месеци годинава го намали кредитниот рејтинг на повеќе земји меѓу кои и Велика Британија, Холандија  и Италија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката