19 Декември, 2025
0.0559

Кредитниот рејтинг зголемен на “А“, стабилна среднорочна прогноза

По рејтинг агенцијата S&P Global Rating и агенцијата А.М. Best го подобри кредитниот рејтинг.

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2016 11:39

Добивај вести на Viber

Во рамките на редовната годишна ревизија, Агенцијата за кредитен рејтинг A.M. Bestги зголеми рејтинзите за финансиска моќ од “А-“ на “А“ (Одличен)и за кредитната способност на издавач од “а-“ на “а“ (Одличен) на Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, која што е најголема осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, како и на нејзиното друштво за реосигурување, Позаваровалница Триглав Ре. Кредитните рејтинзи на обете компании имаат стабилна среднорочна прогноза. Високите кредитни рејтинзи ѝ обезбедуваат на Групацијата Триглав соодветна конкурентна позиција на осигурителните, реосигурителните и финансиските пазари, бидејќи ја потврдуваат нејзината финансиска моќ и успешноста во работењето. Успешното работење, кое што е една од најважните стратешки цели на Групацијата Триглав, беше постигнато во 2016–та година со дополнителното подобрување на самостојните кредитни рејтинзи на позицијата “А“ од страна на двете рејтинг агенции (S&P Global Ratings и A.M.Best), коишто ја оценуваат Групацијата Триглав.

Кредитните рејтинзи  од A.M. Bestсе одраз на одличните перформанси на компанијата  во континуитет во последните пет години, водечката позиција на словенечкиот пазар, како и исклучителната препознатливост на брендот Триглав во регионот. Според A.M. Best, работењето на компанијата на домашниот пазар е под влијание на подобрените, но сеуште тешки пазарни услови и остра конкуренција. Компанијата, според А.М.Best, во првата половина од оваа година имаше добри перформанси на пазарите на пензиско и здравствено осигурување. Според агенцијата, компанијата има воспоставено целосен систем за управување и селективно превземање на ризици, којшто, според нивните очекувања, во иднина уште повеќе ќе се подобрува. А.М.Best ја зголеми бонитетната оценка на матичното друштво исто така и како резултат на цврстата капитализација на Заваровалница Триглав, прилагодена на ризици. Се очекува Заваровалница Триглав да продолжи со внимателното управување со капиталот и одредената политика за дивиденди, кои што ќе придонесат кон зацртаната адекватност на капиталот на Групацијата Триглав.

Дополнително, агенцијата за кредитен рејтинг ги подобри рејтингот за финансиска моќ и долгорочниот кредитен рејтинг на компанијата ќерка, Позаваровалницата Триглав РЕ, д.д. на „А„ и на “а“ соодветно, со што ја потврди нејзината клучна улога како реосигурувач на сите друштва од Групацијата Триглав. Овие рејтинзи исто така имаат стабилна среднорочна прогноза.


Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА