19 Декември, 2025
0.0521

Кривичниот суд обезглавен: Зошто Михајлова даде оставка?

Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 07:00

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд обезглавен: Се чува ли столчето за Владимир Панчевски?

Основниот суд Скопје 1 нема предводник, откако вчера судијката Татјана Михајлова, која ја извршуваше функцијата вршител на должност си поднесе оставка. Михајлова беше назначена за в.д. претседател на 5 декември, откако на претходниот претседател, Владимир Панчевски, му истече мандатот. Засега нема информации зошто Михајлова се повлекува од функцијата, со оглед на тоа што и’ е само привремена, се до изборот на прв човек на Кривичниот суд.

Но, во судските кругови се шпекулира дека таа се повлекла за да му го ослободи повторно столчето на Панчевски, кој би се вратил на првата позиција како в.д. претседател, со оглед дека изборот на претседател на судот ќе се одолговлечи. Панчевски важи за „сигурен играч“ на владејачката партија, кој од позиција на претседател успеваше да издејствува да се одбијат речиси сите барања на Специјалното јавно обвинителство за притвор, претреси и други мерки за осомничените во случаите што ги отвори.

Претседателите на судовите ги бира Судскиот совет. Се избираат со Бадентерово мнозинство, но вршител на должноста се поставува со просто мнозинство. Па така, Панчевски има шанси да се врати на кормилото на Кривичен суд, со оглед на распоредот на силите во Судскиот совет. Судски извори велат дека Панчевски би ги добил потребните гласови барем за в.д. претседател.

Михајлова оставката ја даде откако повеќемина судии поднесоа жалби до Врховниот суд поради годишниот распоред кој го изготви токму таа, и кои без консултација беа прераспоредени на нови работни места. Врховниот суд на седуммина од осумте судииим ги прифати жалбите и ги врати на нивните стари работни места.

Со новиот распоред, Михајлова го смести Панчевски во Одделението за организиран криминал, кој исто така е поставен и за претседател на кривичниот совет, кој ќе решава по жалбите на СЈО за одбиениот притвор.


Татјана Михајлова е судијката што ги суди поранешниот премиер и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кои се првоосомничени во случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година. Таа на последното рочиште ги казни обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2000 евра поради непочитување на судот.

Михајлова, исто така, беше и истражна судијка во случајот „Ликвидација“, во кој на четири и пол години затвор беше осуден новинарот Томислав Кежаровски, а по силните реакции во јавноста казната му беше намалена на две години.

Инаку, во извештајот на Стејт Департментот објавен пред неколку дена посебен дел е посветен на работата на Специјалното јавно обвинителство,  каде се наведува дека од самото негово формирање, владејачката партија заедно со провладините медиуми водат координирана кампања за да го намалат кредибилитетот и професионалноста на обвинителството.

„Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, постојано ја попречува работата на обвинителството и јавно го критикува специјалниот обвинител Катица Јанева, тврдејќи дека е некомпетентна и политичка алатка на опозицијата. Помилувањата на претседателот Иванов во април минатата година за два месеци ги замрзна повеќето од случаите на Специјалното обвинителство. Судскиот систем исто така одигра своја улога во попречувањето на ефективноста на канцеларијата на Специјалниот јавнен обвинител,“ се наведува во извештајот. 

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица