17 Декември, 2025
0.0374

КРИЗА: Дали на Грција и претстојат предвремени избори

Објавено во: Балкан 23 Декември, 2014 14:10

Добивај вести на Viber

Грчкиот парламент не успеа да избере претседател на државата ниту во вториот круг од изборите, пренесе грчката агенција „АНА“. За кандидатот на конзервативната влада, Ставрос Димас, гласале 168 пратеници, а за избор на претседател потребни се најмалку 200 колку што всушност изнесува и двотретинското мнозинство. Третата и последна рунда избори закажана е за 29 декември, кога за избор на нов претседател ќе бидат потребни помалку гласови односно 180 од 300. Доколку не биде избран нов шеф на државата, парламентот ќе биде распуштен и во рок од еден месец треба да бидат повикани вонредни избори, пренесува „АП“. На Владата за избор на Димас потребна и е поддршката од опозицијата, која за возврат побарала повикување предвремени избори кон крајот на идната година. Левичарската партија Сириза, која според анкетите ужива најголема популарност, бара изборите да бидат веднаш распишани по што државата повторно ќе мора да ја разработи програмата за излез од кризата.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата