Добивај вести на Viber
Кинезите трговци масовно ја напуштаат Србија, барајќи подобри услови за живот. Причина за тоа, како што пишува весникот „Новости“ е лошата економска состојба во земјата.
Доселувањето на Кинезите почна на крајот на деведесеттите години, кога беше либерализиран визниот режим. На почетокот, тие отворале помали продавници во провинциите, а некои отвориле и кинески ресторани во Белград.
Неофицијалната бројка на Кинези кои привремено престојуваат во Србија е неколку десеттина илјади лица, а според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, на територијата на Србија, живеат околу 15.000 Кинези.