21 Јануари, 2025
0.0288

КРКА ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ФЛЕБИ – БЕСПЛАТНО ДИГИТАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗДРАВИ ВЕНИ И НАВИКИ

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Преземете ја мобилната апликација Флеби. Достапна е на македонски јазик и добијте бесплатни совети за Вашите вени, за спречување на прогресијата на хроничната венска болест, за справување со хемороиди, но и други насоки за здрав и балансиран живот.

Мобилната апликација Флеби е веќе достапна на App Store и Google Play. Сега, сите засегнати индивидуи можат едноставно и бесплатно да ја преземат и да добијат персонализиран и практичен водич за здрав, балансиран начин на живот.

Станува збор за мобилна апликација развиена од фармацевтската компанија КРКА, со поддршка на докторите и на вештачката интелигенција.

За ова ново, дигитално решение кое е достапно и на нашиот пазар денеска КРКА организираше промотивен настан, кој обедини околу 300 фармацевти, доктори и здравствени работници. На настанот, присутните имаа можност да се информираат за сите придобивки од користењето на оваа мобилна апликација.

Во рамки на овој настан, беше одржана ипанел дискусија на која беа споделени повеќе стручни совети од страна на доктори и специјалисти, во врска со хроничната венска болест, симптомите и решенијата.

Исто така, присутните гости имаа можност да уживаат во здравите рецепти подготвени од страна на нутриционистката Ана Марија Кузмановска. Дел од настанот беше посветен и на важноста од одржувањето на здрав живот и здрави навики, при што персоналниот тренер Марина Горњивска и нејзиниот тим одвоија време да демонстрираат дел од вежбите за подобрување на циркулацијата и зацврснување на мускулите на нозете.

-  „Примарно, апликацијата Флеби помага за одржување на здравјето на вените и спречување на прогресијата на хроничната венска болест. Но, во рамки на апликацијата можат да се видат и повеќе практични вежби за здрави нозе, статии за справување со хемороиди, како и да се прочитаат совети заздрава и балансирана исхрана. Среќни сме што како КРКА го направивме овој исчекор и на уште еден начин покажуваме грижа за сите наши пациенти, за сите граѓани“, истакна Милена Ѓошевска, фармацевтка и сениор бренд менаџер во КРКА – Скопје.

Оваа година, КРКА одбележува и 70 години од своето постоење. Под мотото „70 години – Живееме здрав живот“, оваа фармацевтска компанија ја истакнува својата заложба и идеја за создавање на поздрава и посреќна заедница.

Повеќе информации за мобилната апликација Флеби можете да добиете на овој линк.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије