Добивај вести на Viber
Националниот хрватски авио-превозник, Кроација Ерлајн, во согласност со програмата за реструктуирање, планира во зимскиот ред на летови 2013/2014 да го укине летот Дубровник-Франкфурт, што ќе зависи од договорите за здрушување на туристичките активности за зимската сезона, пишува Пословни.хр.
Од компанијата потсетуваат дека со програмата за реструктуирање е предвидена и примена на т.н. компензациски мерки, односно намалување на капацитетите, т.е. флотите, односно застапеноста на пазарот или намалување на бројот на летови, поради што веќе го намалиле планираниот опсег на летови во оваа година и приземјиле еден авион во флотата.
За компензациските мерки велат дека мора да се спроведат и дека немаат алтернатива, па со самото тоа ако договорот за здружување на пазарните активности околу вршење на летовите Дубровник-Франкфурт во зимскиот ред на летање 2013/2014 не биде постигнат, летовите ќе мора да бидат сопрени, но се надеваат дека тоа ќе биде само привремена мерка.