„Кроација осигурување“ на пат да стане најсилен осигурител во регионот
Објавено во: Балкан 15 Август, 2013
Стретешки партнер за „Кроација осигурување“ бара Владата на Хрватска, а инвеститорот којшто ќе купи 50 проценти од акциите на ова осигурително друштво преку него ќе може да ја преземе и „Заваровалница Сава Ре“. Со оваа аквизиција „Кроација осигурување“ ќе стане најсилен осигурител во регионот, наведува љубљанскиот весник “Дневник“.
„Кроација осигурување“ и понатаму го зголемува сопственичкиот удел во словенечката осигурителна компанија „Позаваровалница Сава Ре“ и не се откажува од своите планови да дојде до удел со кој ќе има контрола над компанијата.
Весникот наведува и дека „Кроација осигурување“ поголемиот дел од пакетот акции на овој словенечки осигурител ги купиле во последните неколку недели од фондови и банки, надвор од берзата и по непознати цени, со што го зголемиле својот удел на 10 отсто. Вистинскиот сопственички удел на „Кроација осигурување“ во „Позаваровалница Сава Ре“ е поголем и според неофицијалните информации најголемиот хрватски осигурител стои зад инвеститорот кој купил 4,4 отсто од акциите во “Рајфајзен банка“, пишува љубљанскиот весник „Дневник“.
Според овој податок „Кроација осигурување“ досега во акции во словенечкиот осигурител вложиле речиси 20 милиони евра и понатаму се обидуваат да дојдат до една четвртина од нивните акции, што не им успеа на почетокот на оваа година по пат на докапитализација.