05 Декември, 2025
0.0305

Кроациа Осигурување – Живот: Посветеност на сигурната иднина!

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2015 08:39

Добивај вести на Viber

Кроациа Осигурување – Живот Скопје и во 2014 година успеа да го одржи растот на премијата над 20 отсто и со тоа да се одржи на врвот на листата на компании за осигурување на живот на македонскиот осигурителен пазар. Минатата година компанијата ја заврши со приход од премија од 6,1 милион евра. „Над 50% од вкупно продадените полиси за осигурување на живот во Македонија се продадени од нашата компанија. Тоа јасно зборува за довербата на граѓаните од Македонија во брендот Кроација Осигурување, но и во домашната компанија која веќе девет години успешно работи на македонскиот пазар“, вели генералниот директор, Вилма Учета Дузлевска.   Учета додава и дека во 2014 година компанијата остварила раст на добивката од над 15 отсто и обезбеди адекватно учество на осигурениците во добивката, како припис на дополнителна осигурена сума на полисите за осигурување на живот, наградувајќи ја нивната доверба. Десет години на македонскиот пазар – годинава половина милион исплати на осигурени суми Во 2014 година матичната куќа, Croatia Osiguranjе, одбележа 130 години од своето основање, но и година во која овој препознатлив бренд, синоним за традиција и квалитет, ја имаше својата приватизација. Новиот сопственик, Адрис Група претставува вистински гигант на пазарот во Хрватска. Станува збор за една од најмоќните хрватски компании, која се покажа како веродостоен  и најуспешен хрватски инвеститор, а сега со откупување акциите на Croatia Osigurаnje, е на сигурен пат да стане дел од топ 5 компаниите на овие простори. croatia2-330x272   „Во 2015 година Кроациа Осигурување – Живот а.д, Скопје ќе бележи десет години од своето работење на македонскиот осигурителен пазар. За нас тоа е посебна година од аспект на први позначителни исплати на осигурени суми коносигурениците кои пред 10 години ни ја дадоа својата доверба. Оваа година компанијата ќе исплати скоро половина милион евра суми за доживување консвоите први осигуреници и токму ова сметам дека ќе биде клучно за разбивањена сите недоумици кои нашите граѓани ги имаат посебно кон новите финансискипроизводи. Очекуваме овие први посериозни исплати да имаат двоен ефект: зголемена доверба во осигурувањето на животно и зголемена продажба“, изјави за Фактор, Учета Дузлевска. Поддршка на млади таленти и промоција на нови производи Кроациа Осигурување – Живот а.д. Скопје изминатата година подржа бројни млади таленти да се развиваат и докажуваат во областа на спортот, науката и музиката. А од компанијата велат дека концептот на општествена одговорност и натаму ќепретставува составен дел од деловната стратегија,. faktor vilma „Свесни за одговорноста која ја носиме застапувајќи го овој бренд и завземајќи ја лидерската позиција на пазарот, секојдневно и темелно сме посветени да го унапредиме она што нашите сегашни и потенцијални осигуреници го препознаваат како наш најдобар квалитет“, додава Учета Дузлевска. За годинава се најавува збогатување на понудата, со цел да се обезбеди  најдобар производ на пазарот кој пред се ќе обезбедува сигурност. Од компанијата за годинава најавуваат нов производ, „Круг на животот“ кој е креиран со ниско прилагодена премија да обезбеди доволно парични средства за сите ризици кои го демнеат последното животно доба. Н.С. [box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката