“КросФит” Скопје го прослави јубилејниот десетти роденден
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2022 11:53
Зачетниците на “КросФитот” во Македонија вчера го прославија својот 10-ти роденден. Уште од првиот тренинг екипата на “КросФит” Скопје е посветена да им помогне на сите луѓе од сите возрасти, профили и физички капацитет, да го постигнат своето сакано ниво на физичка подготвеност како и трансформација на својот животен стил.
Како телото ни старее потребна е поголема контролирана, прецизна адаптирана физичка активност која ќе го регенерира телото и ќе го ослободи да функционира непречено. “КросФитот” нè учи да си го запознаеме своето тело и начинот на кој се движиме.

Човекот кој го донесе “КросФитот” кај нас, Зоран Иванов изјави: „Драго ми е што заедно го прославуваме овој јубилеј и се надевам дека заедно ќе ги прославуваме и останатите јубилеи. Низ овие 10 години може да се пофалиме со многу различни успешни приказни од нашите клиенти, како и преку нивните резултати да добиваме мотивација за напредок во подготовка на програма за сите останати во наредните години. Нашата мисија останува иста како и од првиот ден, а тоа е да им помогнеме на сите луѓе кои сакаат да имаат посреќен и здрав живот“.
Во салата каде што за прв пат започна со користење на Елитниот Фитнес- “КросФит” во Македонија, низ нивните врати поминале многу професионални спортисти и голем број на вежбачи кои сакаат “КросФитот” да стане дел од нивниот секојдневен живот.

Од “КросФит” Скопје препорачуваат дека со оваа активност ќе го промените и подобрите начинот на живот, ќе ве направи поздрави и посреќни. Ние имаме едно тело кое треба да го чуваме и оддржуваме.


ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




