Куче-робот ги опоменува луѓето во Сингапур да држат растојание едни од други
Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Мај, 2020 19:16
Сингапур најави дека ќе користи кучиња-роботи за во парковите да се почитуваат мерките за физичка дистанција, пишува Бизнис инсајдер Станува збор за куче-робот наречено Spot, кое го направи компанијата Boston dynamics, а ќе почне прво да патролира по локалните паркови и со гласовни пораки да ги предупредува граѓаните да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање.
Spot е опремен со камери кои можат да ја скенираат околината и така да им овозможат на властите да го проценат бројот на луѓе во парковите. На основа на тие снимки нема да може да се препознае идентитетот на луѓето, велат од владата на Сингапур.
Експериментот ќе трае две недели во еден парк, а ако се помине како што треба, програмата ќе биде проширена на други локации. Сингапур на почетокот на пандемијата со корона вирусот добиваше пофалби за начинот на кој се справува со заразата, но подоцна ситуацијата значително се влоши, па властите одлучија да почнат да применуваат технологија во борбата против пандемијата.
Кучето-робот Spot се користи во локалниот центар за изолација на болни луѓе, каде што доставува лекови на пациентите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





