КУЧЕЉУБЦИ И МРАЗАЧИ НА КУЧИЊА, ХУМАНИ ИЛИ ПСИХОПАТИ - народот се испокара на фејсбук за кучињата, каде се институциите?
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2023 10:45
Убиството на неколку улични кучиња во Струга, како никогаш досега ја подели јавноста во земјава, за тоа дали постапката била резултат на револт од страшните глутници на бездомните животни, или психопатски чин. Како и да е, сите се согласуваат дека овој проблем мора да го решат институциите.
Во врска со ова се огласи и актерот Сашо Тасевски.
„Супер сте сите што чувате кучиња. Стварно секоја чест. Јас немам услови. Покрај три деца на кои им имам сменето три тони пелени и сум ги шетал и сум дремел со нив надвор додека растеле, сега пак да шетам куче од сабајле па навечер, да чекам да се измоча да се искака, немам нерви јеби га. Со три деца, нервниот систем ми е малку оштетен. Иако децата ми се топ.
И не ми пречат вашите кучиња кога пијат смути барабар со мене и кога ме гледаат умно, ко Ниче. Само ме нервира ако ми лаат на увце додека седам у кафиќ. Па уште ако има неколку што лаат едно на друго, стварно не е пријатно
Често пати ви ги земам ги галам, ги закачам, ги чешкам. У маало имам еден Арес, ретривер, ме осеќа уште на 50 метри и ја бута главата меѓу шипките да го галам.
И Фанки на Чочо знам да го малтретирам некад од милост и ме остава. Чочо ми ржи али Фанки не. И на доктор Јоцо малтешката сум ја гњавел...
Значи стварно сум кучељубец.
Но, муабетите од типот, знаеш, тоа куче ко било мало некој го тепал затоа сега напаѓа луѓе... тие муабети ми се без врска.
Што е бе некоја Јана крива која има три години и која ја искасало куче затоа што некој го тепал кога било мало?
Аман бе, дојдете на себе.
Некој тип штом почне да напаѓа невини луѓе, го тураат у затвор. Толку е просто.
Ама имал трауми од детство, мајка му го тепала со закачалка, големи јајца. Оди во затвор.
У САД и други земји уште постои смртна казна за најопасните.
Ненормално е да бидете на страната на кучето кое напаѓа луѓе, дури и деца. Бајги ненормално“, пишува Тасевски.
Новинарот Горан Момироски од Охрид, пак, пишува.
„Не се криви луѓето што се плашат од кучиња, ама уште помалку се криви кучињата кои се оставени на улица, на милост и немилост. Тие се животни, а ние луѓе. Тие имаат инстинкт, а ние свест. Нив им работи, нам не. Одговорноста е кај луѓето и институциите. Тие постојат да решаваат проблеми, затоа имаат вработени кои ги плаќа народот. Ако не можат, нека го отстапат местото на способни и стручни кои ќе знаат како да го направат тоа. А ние треба секојдневно да ги потсетуваме зошто се избрани на функциите. Доста со популистички финти и префралање одговорност, проблемите треба да се решаваат, а не да се забошотуваат и релативизираат“, пишува Момироски.
Новинарката Мери Јордановска, пак, објави на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




