19 Декември, 2025
0.0475

КУФЕР ПАРИ ВО КАВАДАРЦИ: Пријавен обид за поткуп на ромски гласачи

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2016 18:48

Добивај вести на Viber

Граѓани на Кавадарци, попладнево, забележале како засега неидентификувани лица со куфер влегуваат во изборниот штаб на Демократска партија на ромите во градот. Тие тврдат дека така биле внесени пари во штабот каде започнал поткупот на избирачи. Очевидците потврдуваат дека внатре во штабот се случува масовен поткуп за што веднаш пријавиле во полициската станица во Кавадарци, пренесе дума.мк

Како што пренесува овој медиум полицијата стигнала на лице место и го обезбедува објектот додека внатре се гледа присуство на повеќе лица кои се заклучени од внатрешната страна на изборниот штаб. 

Полицијата чека судски налог за да може да влезе во објектот. Тој се наоѓа во центарот на Кавадарци, позади зградата на општината и веднаш до изборниот штаб на Амди Бајрам.

Инцидентот е пријавен во ОБСЕ и ОДИХР. Околу изборниот штаб започнаа да се собираат револтирани граѓани на Кавадарци. Нивниот број како што пишуваат постојано се зголемува а дел од нив коментираат дека наводно денеска пари се делеле и во општинската зграда.

Од општина Кавадарци ги отфрлаат обвинувањата и велат дека деструктивната политика на СДСМ ги создава овие измислици.

Повеќе информации Фактор за овој случај ќе има подоцна.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината