Куманово субвенционира сметки за комуналии за социјално ранливи граѓани
Објавено во: Економија 01 Февруари, 2013
Околу 1.800 лица од социјално ранливи категории граѓани од општина Куманово и годинава ќе имаат можност да го користат социјалниот пакет мерки кој предвидува субвенција на сметките за комунални услуги во вредност од 1.200 денари, од кои 900 за потрошена вода и 300 за изнесување смет.
За овој пакет мерки општината до крајот на годината ќе издвои 18 милиони денари, а за тоа кој ќе може да ја користи субвенцијата ќе одлучува посебно формирана комисија.
- Во исклучителни случаи баратели може да бидат и други ранливи категории граѓани како што се лица со посебени потреби, лица со инвалидитет, деца без родители, лица кои користат различни видови на социјална помош... Овие баратели треба да поднесат и докази за нивната состојба, а формираната комисија ќе се произнесе по однос на барањето, рече Жика Крстевски, раководител на Секторот за социјална заштита во општината.
За да може да бидат корисници на овој социјален пакет, барателите мора да се државјани на Република Мкаедонија, жители на општина Куманово и да се корисници на услугите на двете јавни претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Водовод“.