19 Декември, 2025
0.0507

КУЗЕСКА: Крајно време е Панче Тошковски да си поднесе неотповиклива оставка

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2025 14:07

Добивај вести на Viber

Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата и насилниците, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска истакна дека вчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говореле со месеци.

„Ова е длабоко криминализирана и авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот и заплаши оние кои сакаат да го откријат. Со доаѓањето на ВМРО-МВРО на власт, во Македонија преку ноќ се појавија организирани криминални групи кои се чувствуваат недопирливи, затоа што се заштитени од власта. Инцидентот вчера и срамното непостапување на МВР и Тошковски, беше порака до секој што ќе се осмели да зборува за криминал, да покаже злоупотреби, да посочи корупција. Порака дека ќе биде нападнат, натепан и замолчен. Криминалците се длабоко инфилтрирани во институциите, тие го водат системот. Тоа го гледаме од првиот ден. Обезбедувачите на премиерот се главни тепачи, попречуваат акции за дрога, издаваат државни тајни на нарко кланови. Се случија преку 25 обиди за убиства и убиства за една година, се пука на секој чекор а Тошковски во интервјуа безочно лаже дека се намалил криминалот. Вчера загина лице во Батинци во престрелка како на Див Запад. Како Тошковски може да тврди дека безбедноста е подобрена, кога имаме убиство на армиски службеник од лице со потерница? Како се случува лице со активна потерница да се движи слободно и извршува убиство?“, вели Кузеска. 

Како што вели, вчерашниот настан е порака до секој судија, секој обвинител, секој државен службеник или граѓанин да не се осмели да го чепне криминалот на власта. 

„Ова е порака дека секој кој ќе им ги орткрие кримииналите може да биде следниот. Ова е систем на страв и закани кој доаѓа директно од власта. Таквата држава не е држава. Тоа е тиранија. Полицијата е глува, правдата е парализирана, а законот служи за заштита на насилниците, а не на граѓаните. За една година под ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин се чувствува помалку сигурен во сопствената дражава, во сопствениот дом и маало. Крајно време е Панче Тошковски да си поднесе неотповиклива оставка. Насилството и криминалот царуваат, а тој немо стои и ги брани партиските бизнис интереси. Од надежен министер за една години стана извршител на мафијата и заштитник на криминалот. Мора да си оди веднаш“, вели Кузеска.

Како што соопштија од Основното јавно обвинителсто(ОЈО), двајца се осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кое се случи вчера во Чаир. 

фото СДСМ

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината