Ладен зимски ден, но стабилно без снежни врнежи
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017 10:19
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. По котлините ќе има појава на слаба магла и ниска облачност.
Утринските температури се движат од минус 12 до минус 3 Целзиусови, а дневните ќе бидат во интервал од минус 1 до 7 степени.
Во Скопје и околината се очекува слично време, променливо облачно, со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се движи околу 0 Целзиусови степени.
Метеоролозите, стабилно време најавуваат и за утре, а кон крајот на денот и преку ноќта кон вторник се очекува зголемување на облачноста, со повремени врнежи од снег во западните делови од земјава.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




